Почетна / Активен живот / Бидете здрави и витални ова лето со помош на следните 5 совети…

Бидете здрави и витални ова лето со помош на следните 5 совети…

Летото е време кога школската година е веќе завршена, многумина од нас уживаат во сончевите зраци, на базен или на пикник, како и многу надворешни активности.
За да живеете со чувство на леснотија ова лето следете ги нашите совети за здравје и уживајте максимално во ова лето.

Излезете надвор и движете се повеќе

Факт е дека летото е идеален период да започнете повеќе да се движите и да бидете поактивни. Времето е одлично, и пријатно за да го поминете во надворешната средина. Прошетајте се околу вашето соседство, возете велосипед во паркот, пливајте почесто, играјте во дворот со своите деца, скокајте на јаже и правете било каква физичка активност надвор во која уживате.
Активностите во надворешната средина можат да бидат забавни за целото семејство и друштво веруваме дека ќе уживате без разлика на вашата возраст во секоја од нив.

Алкохолот предизвикува дехидрација- не пијте го во лето!

kokteli
Убаво е чувството кога се ужива во чашка алкохол или пак ладно пиво на тераса на зајдисонце во лето. Алкохолот предизвикува дехидрација, особено за време на топлиот  летен ден.
Доколку практикувате да пиете пиво пијте модерирано и рехидрирајте се со чиста филтрирана вода. Во лето пијте почесто вода, не заборавајте, во лето исгрламе доста течности од нашиот организам и потребно е и да ги надокнадиме.
Не ви се допаѓа вкусот на обичната вода?
Пробајте и додадете лимони и јагоди со малку мента. Газираната вода  е  одлична алтернатива за моментите кога сакате нешто поосвежително.
Заштитете ја својата кожа одвнатре и однадвор.

Науката препорачува барем да се експонирате 15 минути дневно на сончева светлина за да ја добиете својата дневна доза на витамин Д, но затоа пак преку умерената изложеност на сонце може да ги активира слободните радикали кои можат да ја оштетат кожата и да го стимулираат стареењето на кожата. Носете крем со заштитен фактор било кога и да излегувате од својот дом- тој не служи само за на плажа. Носете светла и лесна облека со која ќе ги одбиете сончевите зраци од себе, а добро е и да се заштитите и одвнатре. Постои храна која ќе ве заштити од UV зраците одвнатре и однадвор.
Одличен избор за производи кои ќе ви обезбедат заштита се:

  • Лосос оваа риба содржи голема содржина на моќен антиоксиданс -astaxanthin,  кој помага на кожата да биде здрава за време на изложеност на сонце. Една порција содржи  10 mg на astaxanthin соодветна за одржување на здравјето на кожата. Друг извор на астаксантин е оној од микроалгите во форма на суплементи.. BioAstin Hawaiian Astaxanthin е топ избор за суплемент кога станува збор за природна суплементација на недостатоците во исхраната со сосема природен астаксантин.  BioAstin се добива од микроалгите кои се растени во најчистите води на сончевиот брег на Kona во Hawaii.
  • Домати и лубеница Лубеницата и доматите содржат моќен антиоксиданс ликопен кој ја заштитува кожата експонирана на UV зрачење.
  • Моркови Овој моќен зееленчук не само што ве заштитува од штетите кои можат да ви ги нанесат штетните зраци, но исто така можат и да ја повратат свежината на кожата поради присуството на бета-каротенот кој се наоѓа во морковите. Студија направена во Кореа врз жени кои консумирале по 6 моркови за време на 3 месеци покажале дека антиоксидансите ги заштитувале и обновиле клетките на кожата од фотостареење. Слаткиот компир исто така е одличен избор за намирница во вашата исхрана која ќе ви помогне да изгледате младо и витално.

Одржувајте ги нивоата на вашата енергија и имунитетот.

Патувањето во лето како и високите температури можат да ве исцрпат енергетски и да ве изложат на многу бактерии. Одличен докажан начин на кој можете да ги подигнете нивоата на вашата енергија, да го покренете вашиот имунитет е Hawaiian spirulina – Спирулина Пацифика уште една микроалга која се одгледува во Hawaii. Богата е со протеини, железо, витамин В12 и моќни антиоксиданси кои штитат од голем број на болести а воедно и од штетното влијание на сончевите зраци. Не е доволно да се заштитите само надворешно од негативните влијанија, за да се чувствувате витални потребно е да се чувствувате здрави и одвнатре и однадвор. Доколку планирате да планинарите, да пливате, да патувате или пак да одите на одмор во некое егзотично место понесете ја со себе Hawaiian spirulina, одличен е извор на сите потребни витамини за да бидете полни со елан и енергија , а воедно дава и избор од неа да направите смути или оброк во кој ќе уживате без разлика на вашата возраст.

AAEAAQAAAAAAAALYAAAAJGU3ZTM4MTQ3LTkwMWEtNDlhYS1hNDdhLWRkZDYzOTViMmJlYg

Одморете се и релаксирајте се!

Долгите топли денови искористете ги и за да се одморите. Ослободете се од сите елекстронски направи кои ги имате со себе и едноставно одморрете се во секоја смисла на зборот. На секој човечки организам за комплетно регенерирање на енергијата и добро чувство потребно му е добро одмарање. Доколку планирате да патувате подобрете го своето расположение и намалете го стресот.

Автор:
Julia Linhart, Nutrex-Hawaii. 

Извор: http://blog.vitacost.com/supplements/5-things-you-can-do-to-have-a-healthier-summer.html?csrc=soc%3AFB-5-things-have-healthy-summer-616

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...