Почетна / Некатегоризирано / Безглутенска диета
a gluten free word with wood background

Безглутенска диета

Безглутенска диета, односно прилагодување кон безглутенски начин на исхрана претставува начин на исхрана кој го исклучува протеинот глутен. Глутенот се наоѓа во житарките како пченица, рж , тритикале итн.  Алергиите на храна кои се јавуваат во последниот период предизвикуваат појава на претпазливост со консумацијата на глутен.
Во последните неколку години пазарот за безглутенски производи се зголемува, а со тоа и свесноста за импликациите на глутенот врз човековото здравје.
Диетата без глутен примарно се креира за да им помогне на лицата кои немаат толеранција кон глутен и имаат алергии на глутен да се прилагодат кон нормален живот. Глутенот предизвикува инфламација на тенкото црево кај лицата со целијачна болест. Безглутенскиот начин на исхрана ги контролира симптомите и знаците на оваа болест притоа спречувајќи појава на компликации.

Кој треба да применува безглутенска диета?

Безглутенска диета потребно е да применуваат лица со резистенција на глутен, алергии и реакции врз кожата  и телото по консумација на производи кои содржат глутен.
Доколку сте сосема здрави избегнувањето на глутен нема да направи значителен бенефит врз вашата исхрана и здравје освен што можеби ќе придонесе да започнете да избегнувате консумација на бели печива , колачиња, соја сос и други продукти кои предизвикуваат зголемување на телсната тежина, чувство на подуеност и летаргичност.

Цел

Целта на овој начин на исхрана е да помогне во лечењето на целијачната болест.
Некои лица немаат целијачна болест, но имаат појава на одредени симптоми кога консумираат производи кои содржат глутен. Овој тип на исхрана предизвикува појава на големи промени на кои е потребно долго привикнување.

Кој тип на храна е дозволена?

Непроцесуирана храна е одличен начин да се започне оваа диета односно начин на исхрана:

– свежи јајца
– свежо месо од риба и мисирка (немаринирано, и премачкано со путер)
– овошје и зеленчук
– некои млечни производи
– амарант
– леќа
– пченка
– безглутенско брашно ( ориз, соја, пченка, компир,грав)
– киноа
– тапиока

Секогаш избегнувајте пијалоци и храна која содржи:

  • Малт
  • Тритикале
  • пченица
  • ‘рж
  • Јачмен
  • Соја сос
  • Дурум брашно
  • Грахам

Избегнувајте ги следните производи освен доколку на нив нема налепница ‘gluten-free’/ безглутенски но доколку се направени од пченка, ориз, соја можете да ги консумирате.

  • Пиво
  • Лебови
  • Торти и колачиња
  • Бомбони
  • Житни снегулки и житарки
  • Вафли
  • Пржени компирчиња
  • Крекери
  • Сососви
  • Морска храна или имитации на месо
  • Пасти и тестенини
  • Процесуирани месни оброци
  • Сосови за салати
  • Миксови за ориз
  • Компирови и тортиља чипсови
  • Бројлери
  • Конзервирани супи и супи во прав
  • Зеленчук во сос

Овесот може да биде измешан со пченица за време на фазите на преработка.
Заради оваа причина докторите и нутриционистите често советуваат избегнување на овес освен доколку истиот не биде етикетиран како производ без глутен.

Адитивите и витамините може да содржат глутен како агент за сврзување.
Покрај овие опасности од производи со глутен исто така постои можност да настане кроконтаминација на одредени производи за време на процесот на производство на пример доколку истата опрема се користи за да се направат  различни типови на проиводи, лесто кај ваквите типови на производи стои ознака може да содржат траги од глутен.

Доколку сакате да започнете да ја применувате оваа диета советуваме за истата претходно да се консултирате со вашиот нутриционист или матичен лекар со цел неисклучување на продукти од вашата исхрана кои содржат значителен износ на нутритивни вредности.

Проверете и

Дизајнот на пакувањето помага да се продаде производот

Македонската асоцијација на преработувачи (МАП) презентираше модел на соработка меѓу компании од прехранбено-преработувачката индустрија пред ...