Почетна / Здравје и исхрана / Пет проблеми кои бананата ги решава подобро од таблети!

Пет проблеми кои бананата ги решава подобро од таблети!

Трите видови шеќер и обилната содржина на влакна се причина заради која бананата брзопотезно дава енергија или е нејзин извор. Освен хранливите вредности докажана е нејзината моќ во отстранување на бројните тегоби поради кои најчесто посегнуваме по таблети…

1.Подуеност и тврда столица

Бананите содржат пектин, кој го забрзува варењето и го поттикнува исфрлувањето на токсините и тешките метали од телото. Освен тоа, нивното делување е пробиотско и ја стимулира работата на цревата. Сите овие фактори ја намалуваат подуеноста, додека влакната од мекиот плод ги разбудува цревата и делува како природен лаксатив против тврда столица.

2. Стрес

Стресот го нарекуваат болест на модерната доба, зошто непрекинато остава големи последици на нашето здравје. Стресот го забрзува метаболизмот при што паѓа нивото на калиум во организмот. Рамнотежа е можно да се воспостави со помош на една банана, која во себе содржи доволно калиум која ќе помогне во нормализација на отчукувањата на срцето, праќа кислород во мозокот и ја регулира оптималната количина на вода во телото.

3. Крвен притисок

Познато е дека големиот внес на натриум , а малиот внес на калиум имаат негативно влијание врз крвниот притисок. Заради тоа е важно телото да има доволно количина на калиум што ја содржи во бананите. Секое утро се препорачува да јадете по една банана, која ќе го одржува притисокот на идеалната дозволена граница.
4. ПМС

Бананите изобилуваат со витамин Б6, кој поволно влијае на нивото на гликоза во крвта, а докажано е дека витаминот Б кај ПМС делува добро. Ги намалува болките во стомакот и градите, променливото расположение и натрупување на вода во организмот.

5. Депресија

Триотофанот кој е состојка на бананата е  облик на протеин кој поттикнува лачење на хормонот на среќа серотонин. Имено, само една банана е доволна нивото на серотонин да се повиши и вие да се чуствувате смирени и задоволни.

 

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...