Почетна / Здравје и исхрана / Бадникова посна трпеза – кај и да си за Бадник дома да си!

Бадникова посна трпеза – кај и да си за Бадник дома да си!

Македонскиот народ со голема и почит и традиција со векови наназад го празнува Божик, кој започнува да се слави со Бадник, денот пред Божик.

По традиционалните обичаи за Бадник  целото семејството се собира на традиционалната вечера.
Старите уште велат, кај  да си за Бадник дома да си!
Бадник или Коледе, според христијанската традиција, се нарекува денот пред роденденот на Исус Христос-Божик. Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6 јануари, а Божиќ на 7 јануари секоја година.
Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости.Традиционално, Бадник се прославува кај сите православни христијани, но црквите кои го користат Грегоријанскиот календар го прославуваат на 24. декември (Католиците, протестантите и други).

Поради верувањата дека Бадник е обичај на Денот на сонцето, кој подоцна го превземала Христијанската црква има објаснување.

Имено, Свети Августин рекол: „Ние го празнуваме овој ден, не како неверниците поради Сонцето, туку поради оној што го создал Сонцето“.

Бадниковата трпеза е посна трпеза. На трпезата традиционално има посно лепче со паричка или посни питулици . Во некои краишта се крева лепче со паричка додека пак во други традицијата преовладува само за Василица – Стара Нова Година.


Лепчето се дели на толку парчиња колку што има членови семејството и дополнително едно парче кое се наименува на куќата со цел да означува куќна среќа поддеднаква за сите членови на семејството.
Кај оној член во чие парче ќе се пронајде паричката се верува дека ќе има среќа во целата година.
Исто тој член се дарува со пари за бериќетна да му е годината.

Колку е побогата посната Бадниква трпеза старите верувале дека ќе биде побогата и побериќетна куќата во текот на годината.
За Бадник на масата традиционално се ставаат непарен број на видови на храна, а се пали и мал свеќник пред иконата на Богородица со исус кој се остава да тлее во текот на ноќта. Пед иконата старите верувале дека треба да се стави и дел од храаната од трпезата , по некој орев, лешник, лепче…

Што се става на посната трпеза?
– Сарма
– Грав/гравче тавче
– Риба (традиционално тоа биле солени нивички)
– Питулици/Бадниково лепче
– Бадниково гранче
– Овошје (мандарини, јаболка, мушмули, дуњи, банани, портокали)
– Јаткасти плодови и пред се ореви
– Сушено овошје (урми, смокви, праски, сливи)
– Зеленчук
– Туршија
– Костени
– Печена тиква
– Лук (лукот се верува дека штити од болести и старите често го користеле на трпезата со цел цела година да ги заштити од болести и зла во домот) Лукот се користел како прелив за питулиците измешан со вода, масло и сол
– Посни слатки (баклава, ванилици, колачиња, колач со мармелад)
– кикири и леблебии

Што вие ставате на Бадниковата трпеза?

Нека Ви е честит денот! За многу години!

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...