Почетна / Активен живот / Бадминтон – рекреација за сите генерации

Бадминтон – рекреација за сите генерации

Забавна игра која ги намалува килограмите, ги зајакнува мускулите, зголемува еластичност, ослободува од стрес, подобрува целокупен изглед на телото, како и здравствената состојба.

Според статистичките податоци, бадминтон е втор спорт по популарноста во светот, веднаш по фудбалот. Иако делува како лесна рекреација, кога ќе се совлада техниката, станува многу посериозна игра. Бадминтон е сличен на тенис и е олимписки спорт. Може да се игра поединечно и во парови, а целта е да со рекетот го вратите топчето во противничкото поле. На тој начин се освојуваат бодовите, а се игра на два добиени гема, до 21 бод. Многу е лесен да се научи. Голем број на играчите брзо ја совладуваат техниката на удирањето на топчето преку мрежата. Топчето е дизајнирано така да се по ударот незиното летење биде бавно во воздухот. Некогаш е подобро да се игра бадминтон во затворен простор, бидејќи ветерот може да влијае на насоката на топчето.

Елеганција во движење

Додека ја играте ова забавна игра, цело тело е во движење. Бадминтон бара голем распон на спортските движења, вклучувајќи скоковите, исчекор, движење и истегнувањата. Иако почетниците на првите тренинзи немаат развиена кондиција на движењето и рамнотежата, упорноста и редовниот тренинг ветува добра форма. Со текот на време горниот дел од телото станува поснажен, а организмот повеќе издржлив. Бидејќи летењето на топчето и контактот со рекетот можат да бидат непредвидливи, слобода на движењето е од голема важност. Кај припадничките на понежниот пол кои имаат континуитет во играта ( барем два пати неделно ) допринесува за елеганцијата во движењето, психичкиот мир, подобра концентрација и висок работен потенцијал.

Ги намалува килограмите и стресот

Со бадминтон можете да ги задоволите повеќе Ваши потреби во исто време. Можете да ја намалите телесната тежина, да ги зајакнете мускулите, да се ослободите од стресот, подобрите целокупен изглед на телото и да го подобрите здравствената состојба. Интензивното движење во текот на играта ги снабдува клетките, ткивата и органите со хранливите материи и кислород. Рекетите за бадминтон се лесни, па е таков вид на рекреација идеален и за деца во развој. Со бадминтон можат да се занимаваат и повозрасните, луѓе со нарушено здравје, бремени жени … За некој играњето бадминтон може да преставува трошење на многу енергија и снага, а додека за други тоа може да биде полесен тренинг. Се зависи од индивидуални способности.

 

Нешто помеѓу тенис и сквош

Спид – бадминтон нема да Ве освои на прв поглед, меѓутоа со текот на време ќе откриете какви предности ги крие ова атрактивна игра со топчето и рекет. Теренот е сличен на оној за тенис, рекетите се како за сквош, топчето како за бадминтон, а мрежичката никаде ја нема. Тајната на атрактивноста на овој спорт се наоѓа во спидерите, новите топчиња, кои се слични на оние со кои се игра бадминтон. Поради специјалниот дизајн многу се прецизни и стабилни, па и на ветер можат да постигнат брзина од 290 километри на час. Не е неопходен рамен терен како кај тенисот, ветерот не е фактор на ограничување како кај бадминтон, а поради брзината кој спидер постигнува, потсетува на сквош.

 

Проверете и

Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Успешниот македонски ланец Жито Маркети стана нов Cashback Card партнер на интернационалната Куповна Заедница Lyoness. ...