Почетна / Совети за здравје / Авокадо помага при регулирањето на холестеролот

Авокадо помага при регулирањето на холестеролот

Сите знаеме дека со внесувањето на здрави масти го подобруваме здравјето на целокупниот организам, посебно здравјето на кардиоваскуларен систем. Со новото истражување на Американските научници се дошло до сознание дека честата консумација на авокадо може позитивно да делува при регулација на холестерол.

Во истражувањето учествувало 45 личности со прекумерна тежина. Научниците ги поделиле во групи и секоја група требало да внесува незаситени масни киселини. Но една група уз тоа јаделе по еден авокадо дневно.

На сите учесници нивото на лошиот холестерол (ЛДЛ) значително се намалил а најмногу кај оние учесници кои секојдневно го консумирале авокадо. Нивниот ниво на ЛДЛ холестерол се намалил дури за 13 единици, што е околу 8 единици повеќе во однос на другите учесници.

Сите извори на незаситени масни киселини вклучувајќи го и авокадото, содржат масти кои го подобруваат здравјето на кардиоваскуларниот систем. Научниците уште истакнуваат дека авокадо дополнително придонесува за здравјето затоа што го регулира апетитот.

Еден авокадо со средна големина содржи околу 320 калории и 30 грама масти. Еден авокадо дневно може да биде премногу, па затоа е важно да се консумирате со доктор или нутриционист.

Авокадо може лесно да се воведе во секојдневната исхрана затоа што се согласува со сите видови на храна вклучувајќи ја рибата, месото, салатите, млекото и млечните производи.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...