Почетна / Здравје и исхрана / Астаксантинот помага во третирање на Алцхајмеровата болест

Астаксантинот помага во третирање на Алцхајмеровата болест

Антиоксидансите ги стимулираат Т-лимфоцитите, го подобруваат отфрлањето на непознати ткива и клетки и го зголемуваат дејството на т.н. клетки убијци

Изложувањето на јонизирачки зрачења, долгото сончање, тешката физичка работа како и подолгото задржување во простории со чад од цигари можат да бидат главни причинители за создавање на слободни радикали.

Слободните радикали всушност се хемиски видови: атоми, јони или молекули одговорни за токсичниот ефект на кислородот во организамот. Тие имаат слободен електрон во својата надворешна обвивка што е нестабилен и кој настојува да ги дестабилизира хемиските соединенија на тој начин што создава многу нови хемиски врзувања, што можат некогаш да бидат и разурнувачи на клеточната мембрана. Во настојувањето да се врати во стабилна состојба, слободниот радикал е многу реактивен.

Слободните радикали се продуцираат во организмот за време на биохемиски оксидо-редуктивни реакции во кои учествува кислородот. Тие стапуваат во реакција со несатурираните липиди од клеточната мембрана. Во вид на цитотоксичен ендопероксид ја оштетуваат клеточната мембрана и предизвикуваат силни исхемиски нарушувања. Се појавуваат и дејствуваат во разни ткива и органи посебно кога е присутно некое воспаление или кога се внесуваат некои лекови или при изложување на јонизирачки зрачења.

Слободните радикали имаат и физиолошка улога во организмот. Така водородниот пероксид се создава од пероксизоми во штитната жлезда, а се користи за јодирање на тироидните хормони.

Супероксидот се создава во клетките, кои имаат способност да проголтуваат бактерии и вируси со цел да бидат уништени. Тој се продуцира и во други клетки-лимфоцити и фиброцити. Суперпероксидот има улога во внатрешната сигнализација и регулација на растењето. Азотниот оксид се синтетизира од аргинин и има силно раширувачко дејство на крвните садови, а во исто време може да функционира како пренесувач на нервни импулси. Во обидот да се стабилизира и да ја неутрализира својата активност, слободниот радикал зема водородни јони од липидниот дел на мембраната на клетката што предизвикува реакција во фосфолипидите. Последица од ваквата реакција е деструкција на клетката. Така се создава нестабилен кислороден радикал со неспарен електрон во орбитата на кислородот, кој предизвикува верижна реакција која може да ја уништи клетката.

Со помош на дизмутаза од суероксидите се добива водороден пероксид и нативен кислород. Водородниот пероксид со железото создава хидроксилен радикал, кој е одговорен за оштетувањата на клеточната мембрана. Ако се создадат малку слободни радикали организамот лесно ќе се справи, но во одредени услови клетките трпат и до 1000 удари од слободните радикали за 24 часа.

Сепак организамот има свои одбрамбени механизми против слободните радикали-антиоксидансите. Тие се создаваат или се внесуваат во организмот. Антиоксидансите ги стимулираат Т-лимфоцитите, го подобруваат чистењето и отфрлањето на непознати ткива и клетки и го зголемуваат дејството на т.н. клетки убијци. Тие се делат на примарни, секундарни и терцијални.

Примарните го спречуваат формирањето на слободните радикали, секундарните антиоксиданси (чистачи) ги отстрануваат создадените слободни радикали.

Терцијалните антиоксиданси пак уште се наречени обновувачки зашто имаат задача да ги поправат оштетувањата на биомолекулите, предизвикани од слободните радикали. Овие антиоксиданси се создаваат во организамот и тие всушност се ДНК полимераза, ДНК липаза.

Постојат апарати и методи за одредување на антиоксидантниот статус на организмот преку одредување на слободните радикали. Некои антиоксиданти не функционираа независно, туку координирано, почесто заедно како интегрален антиоксидантен одбранбен систем.

Во одредени услови доаѓа до нарушување на рамнотежата меѓу слободните радикали и антиоксидантите што доведува до создавање на многу повеќе слободни радикали. Создавањето на слободните радикали може да биде резултат и од недоволно создавање и внесување на антиоксиданси. Многу студии укажуваат на тоа дека со корекција на антиоксидантниот статус се постигнуваа значајни резултати во одржување на здравјето и физичките способности на организамот.

Силен природен антиоксиданс е Астаксантинот (БиоАстин – комбинација од природен астаксантин, лутеин, витамин Е и витамин А како бета-каротен). Тој дури е 10 пати посилен од бета-каротенот и 550 пати поефикасен од витаминот Е. Астаксантинот лесно ја минува “крвно мозочната” бариера и го спречува штетното дејство на тој начин, што го врзува “активниот” кислород, кој е една од причините за нарушувања, како што се Паркинсоновата и Алцхајмеровата болест, реуматоидните артрити, срцевите заболувања, ракот и други.

Антиоксидансите се препорачуваат за сите возрасти, на активни спортисти и рекреативци, на деловни луѓе, на сите кои прележале тешки заболувања; со еден збор на сите кои сакаат да си го зачуваат или да си го подобрат здравјето.

Проверете и

Зошто ни е потребен магнезиум?

Магнезиумот е еден од основните  елементи кои се потребни  за правилно функционирање на организмот. Но, ...