Почетна / Здравје и исхрана / АСПАРАГУС – ИЗВОНРЕДЕН ЗЕЛЕНЧУК

АСПАРАГУС – ИЗВОНРЕДЕН ЗЕЛЕНЧУК

Аспарагус е ниско калоричен зеленчук кој не само што е добар за Вашата става, туку ќе Ве направи да се чувствувате среќни. Значи кој сака долго да биде млад, треба што е можно почесто да јаде аспарагус.

Овој зеленчук го снабдува организмот со магнезиум, бакар, фолна киселина и со витамин Е, со што се зајакнува срцето и крвотокот и го забавува стареењето на кожата и слабеењето на видот. Главна состојка во аспарагусот е аминокиселината аспарагин која го поттикнува чистењето на бубрезите, го активира џигерот и жолчката а со самото тоа го поттикнува исфрлувањето на отровните материи од организмот. Најновите студии потврделе уште едно делување на аспарагусот: аспарагусот во нашиот мозок го активира хормонот на среќата.

Кога станува збор за калориите, аспарагусот спаѓа во оној вид на зеленчук кој има најмалку калории. Поред тоа аспарагусот содржи микро елемент хром, кој го намалува чувството на глад.

Според најновите сознанија, луѓето кои боледуваат од гихт мораат потполно да се одрекнат од аспарагусот.

Бел или зелен аспарагус имаат скоро исти витални состојки: зелениот аспарагус содржи повеќе хлорофил за подобро помнење и против стрес, а белиот аспарагус има повеќе аспарагин и ни дава повеќе сила.

Најздравиот начин како да се јаде и подготвува аспарагус:

Аспарагус се вари се додека не стане мек, се наросува со маслиновото масло и на крај се зачинува со зачински билки и пармезан.

Уз аспарагус би било добро да се пие само бело вино а никако црно, затоа што состојката танин во црното вино го остава витаминот Б1 без дејствување, а тој ни е потребен како храна за нервите.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...