Почетна / Здравје и исхрана / Асертивност- моќна алатка за градење на вештини за успех на секое поле

Асертивност- моќна алатка за градење на вештини за успех на секое поле

Асертивноста претставува :’’изразување на мисли, чувства и уверувања на директен, искрен и социјално адекватен начин преку потврдување на правата на другите’’

Да се биде асертивен значи активно да се завзема став за себе и своите права , преку искажување на своите потреби и ставови на директен, недвосмислен и отворен начин, потврдувајќи а не загрозувајќи ги во исто време потребите на другите.

Ваквото однесување е корисно во сите потенцијално фрустрирачки социјални контакти кога се загрозени интересите или потребите на некоја личност, кога личноста се соочува со неоправданите барања на другите, кога правата и се загрозени или се наоѓа пред било каков вид на неправда.

Асертивноста не е нешто со кое некој ќе се роди а некој не.
Во основа некои лица се склони на таков вид на однесување кое е во склад со нивната личност, но секој може да научи да се изразува асертивно. Освен што подразбира одреден начин на однесување, асертивноста подразбира и отсуство на чувството на вина, страв и чувство дека се постапува правилно.

Доколку сме бесни, депресивни, разочарани, анксиозни неможеме да бидеме во состојба асертивно да размислуваме.

Тоа што одредува како ќе се однесуваме се нашите емоции. Некои лица стануваат несигурни, вознемирени или уплашени кога се пронаоѓаат во ситуација во која е потребно на било кој начин да се конфронтираат со другите, а многу често поради тоа се чувствуваат несреќно поради долгорочното незавземање на ставови, изразување на своите желби и потреби, а други пак стануваат бесни кога нештата не ‘’течат’’ по нивна замисла.
Првиот тип на луѓе се означува како пасивен и дефанзивен а вториот како агресивен.
Асертацијата вклучува самопочит која е еднаква со почитувањето на правата и вредностите на другите лица.
Асертивната личност завзема егзистенцијална позиција: ‘’Јас сум вредна личност, Ти си вредна личност’’
Асертивната личност за време на комуникацијата со другите го почитува нивното мислење ис тавови, но затоа пак не значи дека секогаш се согласува со нив.

Низ асертивно однесување личноста постигнува:

  • Способноста да каже НЕ
  • Способност да бара услуги и поставува барања
  • Способност за истражување на емоции (пријатни и непријатни)
  • Способност за започнување, одржување и завршување на комуникацијата

Од друга страна пак, неасертивната личност се соочува со потешкотии при изразувањето на своите емоции , при средба со непознати лица, при барање на услуги, совети или информации, одбивање на барањата на другите.
Агресивната личност е концентрирана само на себе, не води грижа за правата на другите.
Асертивната личност се наоѓа помеѓу овие два екстреми, таа директно ги искажува своите чувства, се бори а притоа не ги загрозува правата на другите, воспоставува добри односи со другите и генерално добро се снаоѓа во непријатни ситуации.

pasiven
Доколку сакате да бидете асертивни потребно е да издвоите време и труд тоа и да го научите.
Најнапред, потребно е да ги промените своите емоции: бес, лутина, гнев, незадоволство, анксиозност и загриженост, да се ослободите од чувството на кривица, да ги научите техниките на асертивен говор, а пред се да го практикувате тоа што сте го научиле.

Вашата околина можеби нема секогаш најдобрро да реагира на промената на вашето однесување , тоа е потребно да бидете истрајни  и да не се откажувате од новиот начин на комуникација.
Со текот на времето вашата промена ќе доведен до промена на вашата околина. Можеби нема да го добиете секогаш тоа што сте го барале и посакувале но затоа ќе знаете дека сте се потрудиле и сте дале се од себе за да го добиете.

Доколку не барате сигурно нема да ги добиете нештата кои ги посакувате.

Долгорочно, асертивноста е најдобриот начин да ги разберете и почитувате другите и воедно да застанете зад своите ставови и да се почитувате себе.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...