Почетна / Здравје и исхрана / Аронија – извор на здравје

Аронија – извор на здравје

Аронија меланокарпа ( Aronija Melanocarpa ) потекнува од исток на Северна Америка, од каде е пренесена во Сибир и северна Европа. Аронија е позната како Сибирска боровинка, поради отпорноста на мраз, и поради темната боја на плодот.

Плодовите имаат малу  погорчлив вкус од боровинката, добро се одржуваат во грмушката, така да можат да се берат и два месеци по созревањето. Индијанците беа први кои го препознаа лековитото својство на аронијата, поради што редовно е користеа во исхраната, додека науката за ова билка се заинтересира дури во деведесеттите години од минатиот век. Од тогаш се направени голем број на студии кои покажаа дека плодот аронија содржи големи количини на биофенол, танини, катехини, флавоноиди, антоционини, фолна киселина, витамините А, Ц, Б2, Б6, Б9, Е, многу редок витамин П, како и бетакаротен, калиум, калциум, железо, манган, молибден, јод и фосфор. Големото присуство на танини и флавоноиди, пред се присуство на антоцијанин, аронија ја сврстува во нај силен познат антиоксиданс.

Зајакнете го имунитетот

Аронија се препорачува на сите оние кои сакаат да го зајакнат имунитетот и да ги регулираат метаболични процеси. Го намалува нивото на шеќер во крвта, холестерол и триглицериди во крвта и го крева нивото на железо, па се препорачува на дијабетичарите, луѓе кои патат од кардиоваскуларни заболувања или имаат слаб имунитет.

Позитивно влијае и на онколошки болни луѓе бидејќи аронија го забавува развојот на карциномот и го подобрува општата состојба на организмот. Аронијата го засилува создавањето на родопсин во мрежницата во окото и со тоа доведува до зголемување на острината на видот, додека заштитното дејство на нервните клетки се гледа во подобрување на мозочните функции и спречување да се оштетат периферните нерви. Аронија се препорачува од најмала возраст и на луѓе од различна животна доба, а првенствено се препорачува на дијабетичарите и на пациентите со кардиоваскуларни заболувања.

Антоцијанин од аронија позитивно делува во превентивата и контролата на дијабетес од тип 2, како и кај компликациите предизвикани од ова заболување. Со клиничките студии потврдено е дека аронија:

  • Намалува нивото на глицериди во крвта
  • Намалува нивото на шеќер во крвта
  • Намалува нивото на вкупниот холестерол
  • Нормализира ниво на гликоизолиран хемоглобин

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...