Почетна / Совети за здравје / Ароматерапија за здрава кожа и во зима

Ароматерапија за здрава кожа и во зима

Во текот на зимските месеци овозможете и на Вашата сува и оштетена кожа да закрепне и да ужива со помош на здрави и природни ароматични масла.        

Кожата на лицето во текот на зимските месеци посебно е чувствителна и затоа и е потребна дополнителна нега, бидејќи сувата кожа често се лупи и бара дополнителна хидратација. За да ја заштитите на вистински начин, важно е да научите како треба да ја негувате кожата во текот на зима.

Поради зимските услови површинскиот слој на нашата кожа на лицето ја губи влажноста при што кожата повеќе е склона кон алергии, пигментации или создавањето на брчки. Порите повеќе се отвораат при што доаѓа до инфекции. Освен тоа оштетената кожа на образите станува осетлива.
Затоа се најдобри природни производи за нега на кожата и оние производи за нега на бебешка кожа. За потполна нега на кожата на лицето во текот на студените денови идеални се ароматерапевски масла.

Со малку труд и неколку добри совети ќе ја сочувате Вашата кожа:

  • Лицето чистете го со природна вода (чај) од лаванда, камилица
  • Производите врз база на алоја вера секогаш се добар избор за кожата.
  • Направете пилинг за лицето од зобна каша, бадеми, кора од портокал и една капка етерично масло од сандаловина.
  • Кремовите за лице кои ја содржат сандаловина, зачинот кардамом или ароматичните масла ќе ја нахранат Вашата кожа.
  • Измешајте една лажица масло од јојоба и авокадо, додадете една капка етерично масло од геранија и две капки масло од семки од морков. Само неколку капки од таквата комбинација на ароматичните масла секој ден ќе делува како природен крем за сончање во текот на зимските денови, а и ќе Ви помогне да се решите од пигментацијата на лицето.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...