Почетна / Совети за здравје / Апитерапија – лекување со производите од пчелите

Апитерапија – лекување со производите од пчелите

Во текот на променливите есенски и студените зимски денови кога на секој чекор не демнат различни инфекции, многумина од нас посегнува по различни синтетички препарати, верувајќи дека така ќе го зајакнеме имунитетот и дека ќе се заштитиме од вообичаените сезонски заболувања.

Многумина, за жал забораваат на медот и други производи од пчелите кои се одлични за превенција и за лекување на бројните заболувања. Докажано е дека имаат извонредно против микробни, а посебно против вирусни особини, кои на пример антибиотиците ги немаат. Освен тоа пчелините производи и препарати обилуваат со витамини, олигоелементи и минерали кои учествуваат во сите витални процеси.

Медот може да ја победи болеста, воспаленијата, инфекциите, болката, несоницата. Како пристигнува зимата, медот е еден од најдобрите сојузници во војната против сите вируси. Медот настанува од нектарот кој е преработен од пчелите и берен од цветовите од разновидни билки. Медот е најсовршениот производ од природата. Тој ги поседува скоро сите состојки кои им  се потребни на нашиот организам. Секој природен мед е добар, а најдобар е оној кој при дегустацијата го пуштате лесно да Ви се топи во устата и кога ќе почувствувате дека помалку Ве штипи во грлото. Немојте веднаш после консумирањето на медот да пиете вода, затоа што на тој начин нема да ги искористите сите здрави материи од медот.

Различните видови на мед се препорачуваат за лекување на различни заболувања, а ние Ви откриваме кој видови на медот лекуваат срцеви, респираторни или пробавни тегоби.

 

Багремов мед – погоден е за луѓе кои имаат проблеми со запек и делува смирувачки на целиот организам. Можат да го јадат и деца од три години.   


Ливадскиот мед – содржи повеќе етерски масла и посебно му се препорачува на луѓето кои имаат срцеви проблеми, а може и да помогне и кај респираторните заболувања.
Мед од липа – има антисептично делување и се користи кај грип, бронхитис и други респираторни заболувања. Најдобро е да се консумира заедно со чај од лековити билки.
Шумскиот мед – содржи 13 пати повеќе минерални материи отколку цветните видови на мед. Посебно е богат со железо, па се препорачува на анемичните луѓе.

 

На пчелите треба да им се заблагодариме на уште неколку производи чии лековити својства не смеат да се занемарат. Тие се׃ полен, прополис, матичен млеч, восок.

Цветен полен  

Поленот е ситна гранула која е составен од полен на различни билки и цвеќиња.
Секое зрнце полен содржи хранливи елементи кои не можат синтетички да се репродуцираат.

Цветниот полен е еден од најздравите и нај моќните природни производи. Оние луѓе  кои сакаат природни производи го сметаат за изворот на младоста кој може да се користи за се, од слабеење до превенција од карцином.

Поленот е богат со витамини (посебно од Б групата), минерали (посебно цинк) и ензими. Посебно важна хранлива состојка на поленот е кварцетин.

Прополис

Станува збор за идеален природен лек кој има антивирусни, антибактериски, против воспалителни и анти туморски својства. Прополисот се користи со векови, а денес најчесто го употребуваме во текот на сезоната на грипот.

Овој производ на пчелите е богат со цинк, го зајакнува имунитетот, а личностите кои редовно консумираат прополис полесно се справуваат со стресот.

Матичен млеч

Матичниот млеч е извонредно хранлив производ на пчелите кој обилува со витамини, липиди, флавоноиди, минерали и есенцијални аминокиселини. Им  се препорачува на луѓе кои имаат недостиг на енергија, спречува раст и развој на вирусите и бактериите, поттикнува создавање на антитела, а може да се најде во различни облици׃ таблети, пастили, шурупи и спреови.

Матичниот млеч се лачи од пчелите за нивните ларви од кои се излегнуваат пчелите, трутовите и матицата. Со неа во текот на целиот живот се храни пчелата матица. Стручњаците потврдуваат дека овој лековит производ од пчелата е корисен за сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи го хепатитот, артритисот, чирот и болестите на бубрезите.

Восок – ова е супстанца која пчелите ја произведуваат како би го направеле сакето. Има зрнеста структура и пријатна миризба, а освен во пчеларството се користи во изработка на свеќи, во козметиката, и во фармацевтската индустрија. Се користи за лекување на раните и кожните заболувања, зајакнување на десните, и подобрување на пробавниот систем.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...