Почетна / Совети за здравје / АНТИОКСИДАНТИ И АЛЦХАЈМЕРОВА БОЛЕСТ

АНТИОКСИДАНТИ И АЛЦХАЈМЕРОВА БОЛЕСТ

Нервниот систем, тука влучувајки го мозокот, р’бетниот мозок и периферните нерви, богати се со липидни материи, поточно со несатурирани маснотии (кои се склони на оксидација) и со железо кое има силни про-оксидативни својства. Високото ниво на липидни материи, интензивната метаболичка аеробна активност, богатата иригација со крвни садови и високото ниво на железо присутни во ткивата на нервниот систем, ги прават овие ткива особено подложни на кислородни оштетувања. Високата содржина на железо во мозокот се смета дека можеби е од суштествено заначење за неговиот развиток, но исто така тоа значи дека ако дојде до оштетување на мозочните клетки ќе се ослободат железни јони од клетките што ќе предизвика оксидативен стрес преку железната катализирачка формација на клетките зависни од кислород.

Ова е основен доказ дека оксидативниот стрес е основен или најмалку помошен фактор за патогенезата на многу неуродегенеративни нарушувања вклучувајки ја и Алцхајмеровата болест. Ова се потврдува со намалувањето на нивото на антиоксиднтната ензимска активност кај ваквите нарушувања. Присутниот оксидативен стрес се манифестира со покачување на липидната пероксидација и оксидација на ДНК базата што се гледа во супстанција нигра, област во мозокот која е зафатена со покачена липидна пероксидација и оксидација на ДНК протеините кај Алцхајмеровата болест. Ова се докажува со покачување на маркерите на оксидативниот стрес. Сето ова сугерира дека кај оваа болест може да се помогне со диета со високи дози на антиоксиданти.

Многу студии покажуваат дека антиоксидантите го штитат нервното ткиво од повредите на оксидативниот стрес и од влошување на когнитивните функции на пациенти од 55-95 години.

Исхраната богата со антиоксиданти дава можност за намалување на овие ризици. Бројни инвитро истражувања докажале дека антиоксидантите, витамините и каротеноидите може да го заштитат нервното ткиво од оштетување предизвикано од оксидативен стрес.

Природни додатоци во исхраната за подобро здравје – ЧУДЕСНА МОЌ НА ПРИРОДАТА

BIOASTIN (астаксантин) – НАЈМОЌЕН ПРИРОДЕН АНТИОКСИДАНТ

 bioastin
Астаксантинот, кој е добиен од алгата Haematococcus, е најмоќен антиоксидант. Тој е 550 пати посилен од витаминот Е и 11 пати од бета-каротенот, а нивото на слободни радикали во крвта го смалува за 10-20 пати поделотворно од витамините Ц и Е. BioAstin-от делува на 5 различни воспалителни процеси во телото, а притоа нема никакви нус појави.

Според научните истражувања, антиоксидантите делуваат координирано и подобро кога се заедно како интегрален антиоксидантен одбранбен систем. BioAstin е комбинација од природен астаксантин, лутеин, витамин Е и витамин А како бета-каротен.

Астаксантинот врши заштитни ефекти против оксидативното оштетување на ДНК и бидејќи додатокот на астаксантин е способен да го намали износот на биомаркери на ДНК и липидна оксидација кај луѓето.

Раната фаза на Алцхајмеровата болест – благото мисловно оштетување, се развива во Алцхајмерова болест за неколку години. Голем број на студии ја потврдија поврзаноста помеѓу високиот внес на антиоксиданти со намалениот ризик за Алцхајмерова болест. Поради тоа се препорачува кај повозрасните превентивно да се внесуваат антиоксиданти со цел да се намалат или избегнат нервни нарушувања од типот на Алцхајмерова или Паркинсонова болест.

Многу антиоксиданти и каротеноиди не можат да ја поминат крвно-мозочната бариера и да навлезат во мозокот, очите и централниот нервен систем. Дури и бета-каротенот, најпознатиот од сите каротеноиди, не може да го направи ова. Ниту пак некои други добро познати каротеноиди како ликопен. Но астаксантинот може! Тоа е битно за антиоксидантите бидејќи според научниците, болестите и повредите на очите и централниот нервен систем се предизвикани од зголеменото создавање и присуство на единечниот кислород и другите слободни радикали (супер оксид, хидроксил, водород пероксид итн.) или од намалената способност за отстранување на слободните радикали.

Важно е луѓето да земаат антиоксиданти кои може да ги поминат крвно-мозочната и крвно-ретиналната бариера како што стареат со цел да ги заштитат овие витални органи. И не се само макуларното оштетување и Алцхајмеровата болест за кои треба да бидеме загрижени, туку цела листа на потенцијални проблеми поврзани со оксидацијата и воспалението во мозокот и очите. Некои од тие состојби се: Алцајмерова, Паркинсонова и Хантингтонова болест, холестерол и триглицериди, глаукома, катаракта, затнување на ретиналните артерии, затнување на вените, дијабетска ретинопатија (заболување на мрежницата), макуларно оштетување поврзано со стареењето, повреди како резултат на траума, воспалителни повреди, сенилост, амиотрофична странична склероза (болест Lou Gehrig) и други форми на деменција поврзани со стареењето.

Постои можност некои извонредни антиоксиданти, под одредени услови, да станат про-оксиданти и всушност да имаат негативен ефект со тоа што предизвикуваат оксидација во организмот. Некои од тие антиоксиданти кои може да станат про-оксиданти се бета-каротен, ликопен и зеаксантин. Дури и витамините Ц и Е и цинкот може да станат про-оксиданти. Ова е друг важен фактор кој го одвојува астаксантинот од другите антиоксиданти – тој никогаш не станува про-оксидант. Ова е уште една причина со која се потврдува дека астаксантинот е супериорен антиоксидант во споредба со другите.  Разликите во молекуларната структура на астаксантинот го даваат ефектот да не премине во про-оксидантна фаза.

 SPIRULINA PACIFICA – Суперхрана богата со хранливи материи за супер здравје

 sp100-130x250Исхраната на современиот човек е преполна со осиромашена, премногу обработена храна. Многу луѓе дополнително ја збогатуваат исхраната со витамински и минерални препарати. Spirulina Pacifica се нарекува суперхрана затоа што во себе содржи поголема лепеза состојки од било која друга храна или растение.

Spirulina Pacifica има 5 пати повеќе калциум отколку млекото, 23 пати повеќе биолошко железо од спањаќот, 25 пати повеќе бета-каротен од морковот, 3 пати повеќе витамин Е од пченичните ‘ркулци, 4 пати повеќе протеин отколку тофу (сирење од соја) и ги содржи сите есенцијални амино киселини. Spirulina Pacifica содржи извонредно големи количини на фитонутриенти, состојки кои се присутни во мали количини, но се многу важни за добро функционирање на човековиот организам.

Антиоксидантите се борат против слободните кислородни атоми, наречени слободни радикали, кои талкаат низ крвотокот и им нанесуваат штета на клетките и органите, а со тоа го зголемуваат ефектот на стареење и ризикот за заболувања. Повозрасните, кои јадат малку, несоодветна храна или не можат да апсорбираат доволно хранливи материи, како храна за успорување на процесот на стареење треба да користат додатоци во исхраната. Spirulina Pacifica е лесно сварлива, интегрална храна со највисока концентрација на бета-каротен од било која друга храна.

Антиоксидантите се состојки кои уништуваат разни оксидирани споеви во крвта, кои се главни виновници за појава на дегенеративните болести како Алцхајмерова и Паркинсонова болест, холестерол и триглицериди, рак, срцеви болести, очни мрежи и слепило, реуматоиден артритис и бројни други болести кои се предизвикани со стареење на организмот. Spirulina Pacifica е изразито делотворна во прочистување на телото од тие оксидирани споеви, благодарејќи на тоа што содржи 4 пигменти со различни антиоксидантни својства: плав пигмент (фикоцијанин), зелен пигмент (хлорофил), жолт пигмент (зеаксантин) и портокалов пигмент (бета-каротен).

Научните истражувања докажаа дека Spirulina Pacifica е најхранлива и природно избалансирана концентрирана комплетна храна позната на човештвото. Чудесна храна, полна со извонредни хранливи материи. Spirulina Pacifica е навистина СУПЕРЅВЕЗДА.

 

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...