Почетна / Совети за здравје / Антиканцерогени намирници
Cordyceps (a genus of ascomycete fungi)

Антиканцерогени намирници

Јагоди

Јагодите можеби се и најдобриот избор затоа што имаат малку калории, може лесно да се најдат на пазар и во екот на сезоната цените им паѓаат и се доста достапни за секого. Една шолја јагоди едвај има 50 калории и помага при борбата со ракот на кожата, дојката како и на бешиката. Кога купувате јагоди дали имаат сеуште зелена капачка дали се во нормална големина и дали се домашни.

Спанаќ

Влакна, фолати (Б витамин) и антиоксиданси во сировиот спанаќ помагаат да се заштитите од ракот на устата и гласните жици. Една шолја спанаќ има околу 10 калории па слободно јадете спанаќ колку што сакате. Луѓето кои земаат средство за разредување на крв би требало да ја ограничат употребата на оваа намирница затоа што витаминот К кој се содржи во спанаќот може да доведе до згрудување на крвта.

Ананас

Жолтата овошка има ниско ниво на натриум слатка е и помага во одржавањето на добарата телесна линија. одличен е избор за ужина или десерт и богат е со витамин Ц. Пролетта е идеално време за детоксикација на целото тело. Ако нагласокот го ставите на овошјето и зеленчукот кои во одредени сезони не се скапи и имаат поволни цени, тогаш ќе заштедите пари и ќе бидете поздрави.

Брокула 

Бррокулата има бројни здравствени бенефити посебно за жени кои преживеале борба со рак на дојката. Оваа намирница е важна за спречување на рак на дебелото црево. Во една порција брокула има само 30 калориии и многу растителни влакна кои му помагаат на дигестивниот тракт подобро да функционира.


Печурка кордицепс

Најновите истражувања покажуваат дека  Cordyceps sinesis има и антиканцерогени ефекти (спречување на раст на ќелиите на туморот) а и укажува и на неговото антиоксидантно дејство. Зајакнувањето на имунитетот го поттикнува организмот во борбата со малигните болести и малигните ќелии.  Со консумирање на оваа печурка забележано е значително подобрување на опшатата состојба кај лица заболени од леукемија, ак на бубрезите и џигерот. Оваа печурка го регукира нивото на шеќер во крвта а помага и кај луѓето кои претрпеле мозочен удар.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...