Почетна / Совети за здравје / Анис (Pimpinella anisum) лек за бронхитис, кашлица и астма

Анис (Pimpinella anisum) лек за бронхитис, кашлица и астма

Анис е извонредно ароматична и лековита билка која се користи со векови. Есенционалното масло од анис содржи помеѓу 80 и 90 % анетол, супстанца која го олеснува дишењето и го поттикнува исфрлувањето на слузта од белите дробови. Затоа анисот е ефикасен и пријатен лек за кашлицата, бронхитисот и астмата.  

Медот со есенционалното масло од анис се препорачува за децата. Поред делувањето на органите за дишење, анисот го олеснува варењето, ги отстранува гасовите и надуеноста. Во комбинација со камилица и ленено семе им се препорачува на оние кои патат од опстипација.

Анисот, коморачот и кимот го поттикнуваат лачењето на млекото, па се препорачува на доилките да пијат половина литар чај од анис дневно. Овој чај е повеќекратно користен затоа што го зголемува количеството на млеко и им ги олеснува грчевите на бебето бидејќи спазмолитичните супстанци од анисот се пренесуваат преку млекото.

Благодарение на неговиот пријатен мирис но и антибактериските и антигабичните делувања есенцијалното масло од анис честа е состојка на течностите за плакнење на устата. Анисот се препорачува и против воспаление на грлото во комбинација со жалфија и црниот слез, а грицкањето на свежото семе од анис им се препорачува на луѓето кои патат од непријатниот здив во устата кој е предизвикан од пореметеното работење на органите за варење.

Научниците пред три децении забележале дека анисот содржи фитоестрогени супстанци, па затоа ова билка им се препорачува на жените кои се во менопауза.

Во комбинација со кантарионот и ајдучката трева се користи против болните менструални циклуси.
Анисот им помага на луѓето кои патат од псоријаза.

Анисот е извонредно ефикасна билка за отстранување на целулит. Доколку го пронајдете препаратот кој содржи екстракт од анис, можете да бидете сигурни дека е делотворен.
Ова билка е безбедна и лековита, но сепак не ја користете во бременоста или доколку пиете препарати кои содржат железо.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...