Почетна / Здравје и исхрана / Ананас, природен чудотворен лек за подобро здравје

Ананас, природен чудотворен лек за подобро здравје

Ананасот е вид на овошје кое припаѓа на фамилијата Bromeliaceae. Постојат повеќе видови на ананас, меѓутоа најпознат вид од овој род на билки е Ananas comosus, овшје со уникатен изглед, арома и вкус. Ананасот е примарно  користен за јадење, но  исто така има значајна употреба и во фармацијата како природен лек за превенција и лекување на многу болести и појави.

Ананасот потекнува од Карибите, а  го открил Колумбо во 1493 година. Потекнува од места каде има тропска клима, затоа е многу ценето овошје .  Неговото име потекнува од индискиот збор „ anana“ што во превод значи „одлично овошје“, затоа  Ананасот со право се нарекува и „крал на овошјето“.

Зошто е добро да се конзумира Ананас?

Енергетската вредност на 100 грама свеж ананас изнесува 48 kcal / 202 kJ, од кои 12% се јагленохидрати, 0,1% масти и 0,5% протеини. Свежиот ананас во својот соста содржи : ензими, витамини и минерали, односно: калциум, калиум, магнезиум, фосфор, железо, јод, цинк, манган, провитамин А, витамини Е, Ц, витамини од групата Б (биотин), растителни влакна…
Најделотворно се покажало дејството на Бромелаинот- природниот ензим кој е присутен во стеблото и сокот од ананасот. Овој природен ензим делува делотворно врз севкупното здрваје.

pineapple a7

Што е Бромелаинот и зошто е толку значаен?

Лековитиот дел од ананасот, односно оној елемент кој ова тропско овошје го прави лековито е Бромелаинот, неговиот природен ензим кој клинички е докажано дека делува поволно на повеќе аспекти од човековото здравје и тоа:

  • Делува анти-воспалително, го намалува отокот после операција
  • Помага при опоравување од повреди: изместување (исчашување, повреди на мускулите и спортски повреди)
  • Го забрзува и подобрува варењето на храната, ја подобрува апсорпцијата и метаболизмот на хранливи материи
  • Ги ублажува симптомите на респираторни заболувања (воспаление на синусите, астма, хроничен бронхитис)
  • Ја подобрува циркулацијата
  • анти-воспалителен ефект при ревматоиден артритис, ги ублажува болките во грбот
  • Ги олеснува симптомите на ПМС
  • Го намалува ризикот од срцев и мозочен удар
  • Ја поттикнува мускулната контракција
  • Спречува појава на рак и ширење на метастази
  • Превенција од појава на на чир во желудникот
  • Го намалува апетитот

Сеозонски алергии

Бромелаинот докажано делува делотворно при појава на респираторни проблеми, делува антиинфламаторно при заштита на дишните патишта, што во основа се дел од основните проблеми кои се појавуваат при сезонски алергии, карактеристични за ова време од годината.

bromelain

Проблеми со дигестија

 Проблемите со малапсорција, односно неабсорбирање на хранливите материи од храната во телото се едни од најтешките индикатори кои можат да доведат до најразлични заболувања, шпто примарно според истражувачите се асоцира со појавата на разчлични видови на рак. Но затоа Бромелаинот е тука за да помогне. Поради тоа што се работи за ензим кој ги разградува протеините, тој се карактеризира со одлична апсорбција на нутритивните елементи од храната, а делува делотворно и при:

  • Воспалување на мочниот меур
  • Кронова болест
  • Чиреви
  • Рак на дебелото црево
  • Констипација (запек)

Бромелаин и спречување на Рак

Бромелаионот делува ефективно доколку се користи во терапија против рак на белите дробови.  Во клиничко тест-истражување спроведено од Anticancer Drugs, се докажало дека Бромелаинот делува врзв малигните перитонеално меланоми (МПМ)- ретки видови на канцер кои се јавуваат поради изложеност на штетни материјали како азбест и сл. Во ова истражување, додавањето на суплементи помогнало при згаснувањето (комплетното уништување на канцероидните клетки на испитаниците вклучени во студијата). Со ова Бромелаинот се истакнало дека има потенцијал да биде терапевстки агент во лекувањето на малигните  видови на канцер.

Конзумирање

 Ананасот  има толку многу бенефити за организамот што би се рекло дека делува делотворно врз целокупното здравје. Наша препорака е Ананасот да се конзумира свеж и тоа почесто, а поради варирањето во цената да се користи во сезона, за да се конзумира почестено во периоди со континуитет, нормално.

Меѓутоа делотворноста на ензимите не би била иста во поглед на времето на делоторноста доколку се конзумира во форма на суплемент. Односно, при појава на некое од погорните појави/заболувања најделотоворно би било негово конзумирање во форма на суплемент.

За таа цел ви го предлагаме Bromelain од Now Foods, природен суплемент (додаток во исхраната) кличнички испитан и одобрен од Агенцијата за безбедност на храна и е дел од водечката програма на природни суплементи во светот.  Се карактеризира со брзо и полезно дејство, се користи како додаток во исхраната, по 1 капсула дневно со или помеѓу оброци. Производот е достапен во сите поголеми аптеки низ државата.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...