Почетна / Активен живот / Анализа на УН диетата

Анализа на УН диетата

Зборот диета е изведен од зборот ”diet” што всушност значи начин на исхрана.
Многу често се случува поради обемниот број на обврски, динамичниот начин на живеење, консумирањето на бза храна, слатки, дедоволна физичка активност, зголемен внес на јаглехидрати и пред се неизбалансирана исхрана да дојде до зголемен број на килограми.

Оваа диета има за цел, покрај намалување на вишокот на килограми, да доведе и до промена на метаболизмот во организмот, со што се гарантира дека намалените килограми нема да се вратат.
Целта на диетата која трае 90 дена е преку не- мешање на намирници да се постигнат можни оптимални резултати. Диетата има 4 дена кои продолжуваат во континуитет , првиот ден е протеински ден, вториот скробен, третиот јаглехидратен ден, а четвртиот овошен ден.
Она што е битно да се истакне е дека редоследот на деновите не смее да се менува, кога ќе се заврши со овошниот ден се продолжува со протеинскиот ден.

Доручек:
Доручекот за сите 90 дена е овошје.
По правило се јадат по две овошја, доколку јадете банана потребно е само една да изедете, а повремено за да ј промените рутината наутро можете да консумирате еден грст суво овошје.

1 ден – Протеински ден
Во протеинскиот ден за ручек се јаде: риба, мисиркино месо, телешко месо месо, плешко месо (варено, динстано  или печено), количината на порцијата од ручекот треба да е до максимум 250гр.
Во протеинското мени наместо месо може за ручек да изберете 3 варени јајца, салата во неограничени количини и неутрални намирници.
Во протеинскиот ден на менито  може да јадете и сирење или урда , сирењето исклучиво треба да е моцарела односно младо и немасно.  Во протеинскиот ден треба да изберете или месо, или сирење или јајца за оброк- не смеете да ги мешате протеините.
За вечера јадете го истото од ручекот, но да е преполовено во грамажа и исклучете ги  супата или јогуртот доколку и за ручек сте ги консумирале. Задолжително е доколку за ручек сте јаделе месо и вечерата да ви биде месо. Во протеинскиот ден се мешаат и неутрални намирници а салата можете неограничено да консумирате доколку е од свежи намирници (краставици, домати, зелка, маслинки..)

2 ден – Скробен ден
За ручек можете да јадете грав, грашок, боранија, компир, ориз .
Овие намирници треба да биде варена и  зачинета со сол, црн бивер, и комбинирани со неутрални намирници.
Вечера исто како ручекот со тоа што дозата треба да ја преполовите.

3 ден – Јагленохидратен ден
Ова е ден за сите љубители на тестенини
За ручек можете да јадете тестенини зачинети со кечап, или пак пица со кечап, а може и бело печиво, на пример 3 кифли.Прилог може да бидат неутралните намирници и салата во неограничени количини.
За вечера се консумира ред чоколадо со најмалку 70% какао.
Ако не сте љубител на благото изедете пола од количината за ручек и ред темно чоколадо.

4ден – Витамински ден
Оброци може да имате на секои 2 часа.Може да јадете свежо овошје, суво овошје до 8
парчиња, компоти без шеќер,свежи салати и јаткасти плодови до 100гр.

Пос циклусот од 7×4 дена, односно на секој 29ти ден (три пати во текот на диетата) се држи воден ден.
Се пие само вода евентуално може да додате и чај но без шеќер.

Диетата се држи 90 дена, се слабее значително.
*Неутрални намирници се : Зелка,марула,краставица,домат,модар
патлижан,тиквичка,пиперка,печурки,спанаќ,морков,маслинки,целер,магдонос,брокула,карфиол,ротквици,кељ,цвекло,кромид,лук,блитва.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...