Почетна / Совети за здравје / АМИОТРОФИЧНА ЛАТЕРАЛНА СКЛЕРОЗА (АЛС)

АМИОТРОФИЧНА ЛАТЕРАЛНА СКЛЕРОЗА (АЛС)

На оваа тема пишуваСпец. Д-р. Сања Зикова специјалист по неврологија во Поликлиника НЕУРОМЕДИКА.

Амиотрофична латерална склероза или Lou Gehrig’s disease, припага на болести кои се наречени motor neuron diseases, а се карактеризираат со постепена дегенерација и смрт на моторните неврони (нервни клетки) во мозокот, мозочното стебло и рбетниот мозок, одговорни за волевата мускулна акција. Кај оваа болест и горните (во мозокот)  и долните (во рбетниот мозок) моторни неврони умираат, со што е оневозможено праќањето на импулси до мускулите, заради што е оневозможено нивното функционирање, мускулите постепено слабеат, атрофираат и имаат спонтани треперења наречени фасцикулации. На крајот способноста на мозокот да се започне и да се контролира некое движење се губи.

F1.large

Причината за предизвикување на болеста е непозната. Научниците се уште не можат да откријат зашто АЛС ги напаѓа некои луге а некои не. Може да се појави во секоја животна доба со предоминација во средна возраст и предоминација на машкиот пол. До сега постојат неколку хипотези кои вклучуваат генетска мутација, автоимуна и улогата на факторите од околината како што е изложеност на токсични и инфективни агенси. Во 90-95% од сите случаи болеста се јвува по случаен избор, без јасно поврзани фактори на ризик, така да болните со оваа спорадична форма на болеста немаат фамилијарна историја за АЛС и членовите на нивните семејства не се смета дека се изложени на зголемен ризик за истата. Околу 5-10% од случаите се наследни со т.н. фамилијарна форма на болеста, со мутации на гени одговорни за одредени ензими.

Alden__056

Почетокот на болеста може да биде толку суптилен, така да  симптомите може и да се занемаруваат. Најраните симптоми вклучуваат мускулни грчеви, треперење на мускулите на телото (фасцикулации), мускулна слабост во рацете или во нозете (потешкотии на почетокот во извршување на секојдневните задачи како закопчување, пишување, сопнување при одење и сл.), нејасен и назален говор, потешкотии со џвакање и голтање. Овие општи жалби потоа се развиваат во очигледна слабост и атрофија (сушење) на мускулите која се шири на целото тело, како што болеста напредува. Иако редоследот на симптомите и степенот на прогресија на болеста варира, на крај болните се инвалидизирани, не можат да се движат, имаат потешкотии со дишењето и обично по 3-5 години од почетокот на симптомите умираат поради респираторни проблеми. Сепак околу 10% од болните преживуваат и до 10 години и подолго.

neuromedika logo new

Ниту еден тест не може да обезбеди дефинитивна дијагноза на АЛС. Дијагнозата се поставува врз основа на симптомите и невролошкиот преглед , како и дополнителни испитувања за исклучување на други болести кои се слични на АЛС. Еден од тие тестови е Електромиографија со која може и да се подржи дијагнозата за АЛС. Друга дијагностичка можност е МНР на мозок и рбетен мозок со која може да се подржи дијагнозата или да се исклучат други болести во мозокот и рбетниот мозок.

Се уште нема лек  кој покажал ефикасност во лекувањето на АЛС. Во 1995 година е одобрен првиот лек за третман на болеста – Рилузол, кој го намалува оштетувањето на невроните со намалувањето на ослободување на глутаматот. Клиничките испитувања на пациенти со АЛС покажале дека Рилузолот го продолжува времето на преживување од неколку месеци, и тоа главно кај оние пациенти кои имаат потешкотии со голтањето. Останатиот третман на пациентите со АЛС е всушност насочена кон ублажување на симптомите на болеста и подобрување на квалитетот на животот. Оваа нега се обезбедува од мултидисциплинарни тимови на здравствени  професионалци како лекари, логопеди, фармацевти, нутриционисти и медицински сестри. Физикалната терапија и специјална опрема може да ја подобри независноста и безбедноста на пациентите со АЛС.

dr-sanjazikova_bf2932x

 

 

 

 

 

 

 

 

Спец. Д-р. Сања Зикова

Специјалист по неврологија

Поликлиника НЕУРОМЕДИКА

02/2 042-323

www.neuromedica.com.mk

https://www.facebook.com/PZUNeuromedica

Проверете и

Јагодите се убавина и здравје

Јагоди – здравствени придобивки Јагодите се богати со витамин Ц, каротен, фолна киселина и железо. ...