Почетна / Совети за здравје / Амбициозност- меч со две острици?

Амбициозност- меч со две острици?

Амбиционоста ја дефинираме како желба за успех и истакнување.
Но што за нас е успехот?

Потребата за личен напредок, учењето на нови вештини, интелектуалната љубопитност, само- афирмацијата, сите овие карактеристики се зрели мотиви на амбициозноста. Меѓутоа овие мотиви може да ги поседува само психолошки зрела личност која се соочува со своите недостатоци и работи активно на нив. Ова е личност која расте и се развива. Во овој случај, амбициозноста придонесува за константно напредување и задоволство.
Друга можност е амбицијата која произлегува од недостатоците. Нејзината задача е да ги потполни празнините што на долг рок никогаш не успева. Претераната амбициозност е ‘’контра вештина’’ (спротивна од развојот), која служи како замена на она што на личноста вистински и недостига.

“Зрелата” и “незрелата” амбициозност е тешко да се разликуваат понекогаш.
Преголемата амбиција во работата некогаш ги маскира недостатоците во емотивниот живот, некогаш ги сокрива стравовите од неуспехот, соочувањето со сопствените недостатоци итн.  Секако ова не значи дека секој оној кој ја сака својата работа и е посветен на работата, тоа го прави за да бега од другите животни прашања. Како што може да се забележи, овие два вида на амбициозност, на прв поглед изгледаат исто, но она што ги одделува едни од други е мотивот. Прашањете е дали амбицијата служи во име на развојот на личноста или во прикривањето на нејзините недостатоци.
Покрај мотивацијата уште еден начин на кој можеме да согледаме за кој тип на амбиција станува збор е чувството кое го имаме откако ќе ја завршиме работата.

Кога амбициозноста е незрела, ретко од достигнувањето на целите чувствуваме задоволство, се појавува постојан глад за нови цели и порано или подоцна соочување со чувство на разочарување.
Кога е амбициозноста здрава, по остварувањето на некоја цел, се чувствуваме исполнето, инспирирано и си даваме себе си право на одмор до следниот предизвик.

Кога станува збор за ‘’незрела’’амбиција ?

Најопширно гледано, здрава амбиција  секоја амбициозност која нам не води кон напредуваање како на деловен така и на емотивен начин. Таа не е бегање од некој дел од самите себе туку е движење во нови правци. Незрелата амбициозност од друга страна пак, често зад себе го сокрива патолошкиот нарцизам, стравот од неуспех, одбивање, чувство на пониска вредност и недостатокот на самодоверба.

Кога имаме здрава амбиција, реално ги поставуваме своите цели, чувствуваме дека сме во склад со себе, одвојуваме доволно време за работа и одмор. Целите ни се доволно предизвикувачки, но не и претешки- умееме да пронајдеме во овој случај некоја златна средина. Здравата и патолошката амбиција не ги издвојува една од друга бројот на часови кои ги вложуваме во некоја цел, туку очекувањата од целта кои ги имаме.

Што се случува кога се здружуваат преголемата амбициозност и недостатокот на способости и квалитет за поставување на целите?
Доколку се мачиме со преголеми амбиции, нема да успееме ни со малите работи.
Амбицијата која не е во склад со сегашните можности може да прерасне во опсесија и вид на зависност. Преидружена со особините кои ги занемаруваат другите луѓе, таа може да стане деструктивна. Целта ги оправдува средствата станува мото која вклучува експлоатација и повредување на другите. Меѓутоа успехот по секоја цена има цена и самата личност која се води по оваа изрека.
Порано или подоцна оваа личност ќе ја прати осиромашен емотивен живот, телесни симптоми, анксиозност и др.

Кој е среќен – амбициозните или пак не амбициозните луѓе?

Можеме да (не) достигнеме се што сакаме додека сме спремни за тоа да ја платиме цената. Доколку во нешто сакаме да бидеме најдобри треба да се запрашаме што се за тоа нам ни е потребно, од што треба да се откажеме, што треба да научиме, или како и што ќе чувствуваме кога таа цел ќе ја оствариме. Само тогаш нашата претстава на цели е реална. Меѓутоа и кога се одрекуваме од амбициите треба да си ги поставиме истите прашања – што се добиваме , а што губиме со својата пасивност и дали сме спремни таа цена да ја платиме. Вистинско и целосно задоволство ќе чувствуваме тогаш кога се развиваме и работиме на себе, односно остваруваме некој успех. Преголемаата амбициозност и не амбициозност не спаѓаат во оваа група, па така ни една од одвие две крајности може да донесе голема вистинска среќа. Во првиот случај, се форсираме над своите граници, а во вториот ги негираме сопствените желби.
Вистинската среќа и задоволство со себе и животот , па и здравата амбиција произлегуваат од личноста која е спремна да работи на себе, на своите недостатоци, се соочува со реалноста, ја толерира фрустрацијата, ја гледа целата слика, умерена  е и ја насочува својата иницијатива кон исполнет живот.

Од што зависи дали некој ќе биде амбициозен : од воспитувањето, од натпреварувачкото окружување или од карактерот?

На амбициозноста влијаат бројни фактори. Најзначајните ги пронаоѓаме во примарното семејство каде учиме како да се однесуваме спрема успехот. Реакцијата на родителите на љубопитноста на детето и иницијативите влијаат  врз тоа како неговата амбиција ќе се развива.

Супресирањето на љубопитноста може да доведе до значајни последици.
На децата потребно е да им го нагласите значењето на успехот и најзначајно од се што всушност претставува успехот. Важно е и на децата да им покажете дека до целите се доаѓа со сопствено залагање и вложен труд. Ова го постигнувам со наградување на активностите кои децата ги отпочнуваат, стимулирајќи ја креативноста и дозволувајќи им да избираат. Битно е да се научат да и толерираат фрустрациите и неизвесностите на целите.

Исто така децата добро е да развиваат натпреварувачки дух и капацитет за ‘’фер игра’’. Важно е да ги развиваат сопствените интелектуални капацитети , да уживаат во истражувањето и за тоа да бидат и наградувани. Со ваков пристап и работа со љубов кон знаењето и личниот развој би рекле дека амбицијата не е ни премала ни преголема.

Адекватната амбициозност вклучува и адекватни цели. Вклучува зрела личност која не се преценува ниту пак потценува себе.
Доколку себе се познаваме добро тогаш знаеме што нам не прави среќни, односно што за нас е успех. Свесни сме колку и во кој момент можеме и сакаме, тогаш амбицијата е моќен двигател кон исполнет и среќен живот.

Извор: psiholoshkosovetuvalishte.hr

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...