Почетна / Диети / Алкална диета

Алкална диета

Алкалната диета е потполно различна од сите други популарни диети, а се сведува на почитувањето на кисело – базната рамнотежа, која е најважна за здравјето и можe да го стопира создавањето на голем број на болести. Со оваа диета можеме да ги избалансираме последиците кои се предизвикани од големо внесување на протеински, преработени и брзи јадења, премногу внесување на шеќер, кофеин, житарки. Затоа е наменета за луѓе кои се постојано под стрес и кои воопшто или малку јадат базна храна – зеленчук.

Алкална храна: морските алги, кромид, лук, ѓумбир, брокули, компир, пиперка, печурки, карфиол, патлиџан, штаве, морков, целер, суровите пиперки, зелка, рен, грашок, шпанат, домат, зелена салата, краставица, грав, лубеница, тиква.

Пореметување на рамнотежата – Алкалната диета се состои од 75 проценти на алкална и 25 проценти кисела храна. Важно е да знаете дека pH на човечкото тело е базичен и дека се движи од 7,36 – 7,44 па со помош на храна треба да ги постигнеме тие вредности. Доколку јадете кисела храна, протеини од животинско потекло, шеќер, консумирате кафе тогаш се пореметува рамнотежата.

Против замор и главоболка – Дали премногу внесувате кисели продукти, ќе покаже анализата на крвта и урината. Но доколку сте константно уморени, немате енергија, доколку постојано сте настинати и имате инфекции, ако вашите нокти се кршат, имате сува кожа и коса, доколку постојано ве боли главата, зглобовите, мускулите, доколку се борите со дебелината и лошото варење на храната тоа значи дека премногу користете кисела храна.

Не ги броите калориите – Благодарение на алкалната диета ќе исфрлите одреден вид на храна но нема да ги броите калориите, што е и причина што овој режим на исхрана стана популарен. Можете да јадете и алкални и кисели продукти, но аона што е битно да во голема мера доминираат алкалните.

Јадете повеќе зеленчук – после неколку дена на консумирање на оваа диета ќе почувствувате повеќе енергија, но за да го видите вистинскиот ефект потребно е осум недели да се придржувате на овој режим на исхрана, која подразбира повеќе да јадете зеленчук, што помалку црвено месо, а што повеќе риба, да користете повеќе маслиново масло и наместо пченка да користете просо, да консумирате вода со свежо исцеден сок од лимон.

Кисела храна: јајца, топено сирење, сладолед,пастеризирано и непастеризирано млеко, овошен и обичен јогурт, путер, маргарин, минерална вода, газираните сокови, вино, сите замени за кафе, црн чај, кафе, пиво, фабрички овошен сок, бел леб, тестенини, ориз, мармелад, бомбони, чоколада, сахарин, шеќер, какао, кечап, мајонез, сенф, соја сос, конзервираната храна, сè од микробрановата печка.

Она што е основно за оваа диета е да јадете што повеќе зеленчук, овошје, сурова храна а што помалку црвено месо и фабрички преработени производи полни со адитиви

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...