Почетна / Совети за здравје / АЛЕРГИИ: ПРИЧИНА, СИМПТОМИ, ДИЈАГНОЗА И ЛЕКУВАЊЕ

АЛЕРГИИ: ПРИЧИНА, СИМПТОМИ, ДИЈАГНОЗА И ЛЕКУВАЊЕ

На оваа тема пишуваСпец. Д-р Маја Панајотовиќ Радевска специјалист по трудова медицина,сертифициран доктор по дензитометрија (дијагностицирање и консултации за остеопороза) и магистрант по Пулмоалергологија на Медицински факултет – Скопје.

Што е алергија?

Алергија е прекумерна реакција на имуниот систем на инаку не штетни материи кои ги вдишуваме, доаѓаме во контакт со нив или ги внесуваме преку храна. После  контактот со тие материи доаѓа до рекција помеѓу страните тела – алергените и сопствените тела – антитела. Антителата кои се одговорни за настанување на алергиските реакции припаѓаат на групата на имуноглобулини Е (IgE). Кога IgE се врзе за мастоцитите се ослободува хистамин кој доведува до зголемена циркулација и ширење на крвните садови, контракција на мазната мускулатура и појава на симптомите.

Кои се предизвикувачи на алергија?

Најчести алергени се : поленот (од тревата, коровот и дрвата), микрокрлежите, домашната прашина, животинските влакна, мувлата, храната, адитивите од храната и пијалоците, конзервансите, отровите од инсектите, УВ зраците.

Најчест облик на алергија е поленската алергија која е позната како сезонски алергиски ринитис. Секој десети човек има поленска алергија. Поленската алергија е болест на горните дишни патишта која се јавува сезонски (од март до јуни) кога во воздухот се наоѓаат честичките од поленот на тревите, дрвата и коровите. Карактеристични симптоми се јадеж и солзење на очите, кивавица и секреција од носот.

Целогодишниот ринитис е со симптоми исти како кај сезонскиот ринитис и оваа алергија трае цела година. Најчести предизвикувачи на целогодишниот ринитис се : мувлите, животинските влакна, микрокрлежите.

neuromedika logo new

Дијагноза

Важна улога во дијагнозата на алергијата покрај анамнестичките податоци и клиничката слика се и алерготестовите кои представуваат кожно тестирање на инхалаторни и нутритивни алергени. Алерготестовите укажуваат на алергија на конкретниот алерген и креирање на вистинскиот план за лекување од страна на докторот.

Лекување

Алергијата е неизлечива , но постојат методи во лекувањето со што може да се намали алергискиот одговор, да се намалат симптомите а со тоа да се намали потребата од антиалергиски препарати. Најважно е да се избегнуваат алергените и изложеноста кон истите. Заштитата на слузницата на носот и очите е со помош на топични кортикостероиди кои се шприцаат во носот или капат во очите. Доколку ова не е доволно се употребуваат и антихистаминици. Важно е лекувањето да започне на време и да трае до крајот на делувањето на алергените ( лекувањето кај поленската алергија треба да започне  најмалку 15 дена пред почетокот на поленизацијата и да трае до крајот на периодот на поленизација). Важни се и хигиенските навики, одржување на оптимална телесна тежина, слободното време да се користи за релаксација и рекреација, што почест престој на планина на висина поголема од 1000м надморска висина затоа што нема ниту загадување ниту цветање.

Спец. Д-р Маја Панајотовиќ Радевска извршува прегледи и алерготестви со најдоверливиот Prick Method и поставува дијагоза и третман на сите видови алергии (полен, храна, инсекти, животни…). Закажете преглед на телефонскиот број02/3 133-313 www.neuromedica.com.mk

foto 05-vert

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Спец. Д-р Маја Панајотовиќ Радевска

Спец.по медицина на труд

Поликлиника НЕУРОМЕДИКА

Проверете и

Први симптоми на остеопороза

Остеопорозата е болест во која доаѓа до губење на коскената маса и без никакви симптоми. ...