Почетна / Фитнес и аеробик / Активна и во бременоста

Активна и во бременоста

Бременоста не мора да значи дека веќе не смеете да се занимавате со спортски активности. Голем број на жени може да продолжи со вежбањето, само треба да имаат во предвид дека нема да можат да ги прават сите вежби со ист интензитет. Со вежбите ќе останете здрави, силни и спремни за породување и доаѓањето на бебето. Секако, пред секој облик на вежбање, задолжително консултирајте се со доктор.

Одењето

Одењето е одлична вежба која можете да ја практикувате секаде. Пред да почнете, најдете удобни чевли. За време на одењето внимавајте да се држите исправено, користејќи ги и абдоменалните мускули за да грбот Ви биде рамен. Започнете со 5 – 10 минути на загревање, потоа продолжете со одењето. Не заборавајте да се растегнувате после одењето како би ја намалиле можноста на воспаление на мускулите. Обидете се да одите минимално 30 минути дневно, три пати неделно.

Пливањето

Ова може да биде најдобар облик на вежба за бремените жени, затоа што постои најмал ризик од повреди. Со пливањето ќе го намалите притисокот на зглобовите и ќе почувствувате како Ви е лесно телото во водата. Пливањето е одлична кардиоваскуларна вежба каде што се користи голема група на мускули. Додека сте во водата, можете да работите вежби во базенот, како аква – аеробик, трчање во вода или пливање. Пливајте 20 минути, три до шест пати неделно. Избегнувајте ги жешките купки или сауни затоа што можат да ја зголемат Вашата телесна температура на опасен ниво кој може штетно да влијае на бебето.

Трчањето

Ако трчавте пред да забремените, можете слободно да продолжете со ова активност. Но бидете внимателни и слушајте што телото Ви зборува. Ако се чувствувате уморно, забавете го трчањето или едноставно одете. Немојте премногу да се оптоварувате. Како терминот за породување Ви се наближува, престанете со трчањето. Пред секој облик на вежби, задолжително консултирајте се со доктор.

Аеробик

Можете да се занимавате и со лесен аеробик за време на бременоста. Не скокајте и не правете големи движења со нозеете, а доколку мислите дека одредени вежби не Ви одговараат, сменете ја вежбата. Исто така, секогаш можете да забавите или едноставно одете во место. Придружете се во некоја група во најблиската теретана или вежбајте дома уз музика.

Велосипедизам

Бидете внимателни со велосипедизам. Вашиот центар за рамнотежа се менува, поради што се повеќе сте подложни на паѓање. Избегнувајте го не рамниот терен кога возите велосипед, а имајте во предвид дека со зголемување на стомакот ќе Ви биде се потешко да ги фатите рачките, а после шестиот месец седиштето ќе Ви биде неудобно. При возењето на велосипед не се напрегајте и доколку е потребно, направете повеќе паузи.

Пилатесот

Пилатесот го зајакнува целото тело ( посебно стомачните и мускулите на грбот, што би можело да Ви помогни во породувањето ) Ве прави посвесни за Вашето тело и Ви помага да бидете повеќе флексибилни. Пилатесот спаѓа меѓу вежбите кои не се препорачуваат за време на бременоста. Некои фитнес центри имаат посебни програми за бремените жени или можете да најдете DVD или книги за пилатес вежби за бремените жени.

Јогата

Јогата се фокусира на опуштање и техники на дишење кои можат да Ви помогнат да правилно дишете кога ќе Ви почнат трудовите. Можете да вежбате јога во текот на бременоста, но избегнувајте ги положбите кои бараат да лежите право на грбот и положбите во кои го свиткувате телото. Исто како и кај пилатесот, некои фитнес центри имаат јога за бремените жени, а втора варијанта е книга или DVD со вежби.

 

 

Проверете и

Младата Миа Крстевска е рекордерката на Македонија во младинско пливање

Младата пливачка Миа Крстевска(16) во овој спорт е веќе 10 години, во нејзина сопственост се ...