Почетна / Активен живот / Ајде на прошетка!

Ајде на прошетка!

Прошетката како најстара форма на вежба, повторно влегува во мода. Некогаш човекот многу повеќе време поминувал на нозе и бил принуден на движење, но со текот на време прошетката стана како заборавена уметност. Постои многу добри причини за да почнете да се движите, бидејќи движењето придонесува во чувањето на добра состојба на организмот и може да не заштити од срцевите заболувања, мозочен удар и остеопороза.

За поубав и поздрав сон

Докторите препорачуваат движење бидејќи преставува голема благодет и најлесен и најбезбеден пат до здравјето на телото, духот и добра кондиција. Додека се движиме, организмот многу подобро функционира, се одвива подобра размена на материи, и поред благото чувство на умор ние сме порелаксирани, а со самото тоа ни се враќа изгубената физичка сила.

Препорака за лица со вишок на килограми

Редовната прошетка добро ќе влијае на срцето и крвотокот, ќе го забрза согорување на вишокот на храната и секако ќе го намали ризикот од добивање современи болести. Освен тоа ни се зајакнуваат коските а посебно е добро за лица се прекумерна тежина бидејќи на тој начин се согоруваат мастите, се намалува нивото на холестеролот во крвта и се исфрлуваат штетните материи од организмот.

Го лекува духот

Додека одиме, не делуваме позитивно само на нашето тело туку и на духот. Така го намалуваме стресот, се чувствуваме попријатно, посреќно, ја намалуваме депресијата, му помагаме на нервниот систем да се смири и обезбедуваме душевниот мир. Уште подобар ефект е ако се шета во природа, во близина на вода, бидејќи зеленилото, чист воздух и нежните звуци на природата имаат дополнително смирувачко дејство на нервниот систем.

Годините не се битни

Докторите препорачуваат да се што повеќе оди и шета, при што годините не се битни. Би требало секој од нас дневно барем еден час да прошета. Набљудувајте ги луѓето кои ви идат во пресрет, природата околу Вас, сонцето и ќе разберете колку е малку потребно за да бидете среќни.

 

Проверете и

Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Успешниот македонски ланец Жито Маркети стана нов Cashback Card партнер на интернационалната Куповна Заедница Lyoness. ...