Почетна / Некатегоризирано / 6 зеленчуци со висока концентрација на протеини

6 зеленчуци со висока концентрација на протеини

Месото секогаш немора да биде единствената намирница со која ќе обезбедите протеински оброк на вашата трпеза и на вашето мени. Верувале или не, постојат зеленчуци кои можат да бидат дел од протеински оброк сами по себе без оброкот да биде надополнет со месо. Зеленчукот богат со протеин е одлична замена за месо за време на пости, при здрава исхрана или вегански или пак вегетаријански начин на исхрана.
За вас избравме листа на 6 зеленчуци кои се одличен начин на кој можете да го надополните вашиот внес на протеини во исхраната.
Asparagus-505x336

1. Аспарагус
Не само што аспарагусот содржи голема количина на протеини , тој на телото му помага во процесот на детоксификација. Аспарагусот исто е богоат со влакна кои обезбедуваат да се чувствувате подолго време сити по оброкот.
broccoli

2. Брокула
Освен со протеини, брокулите се богати со влакна, антиоксиданси и минерали. Тие нудат широк ранг на витамини, затоа често консумирајте ги сирови и неподготвениу термички. Консумирајте ги во форма на салати или како додаток на вашиот оброк. Доколку не можете да ги консумирате свежи, подгответе ги на пареа со малку маслиново масло, вегета и попрскани со малку сок од свежо исцеден лимон.

300-2
3. Леќа

Леќата е одличне извор на растителен протеин, содржи дури  18 gr. на протеин по подготвена шоља, и само  230 калории по чинија. Овие податоци запомнете ги и применувајте ја што почесто во вашата исхрана за да бидете витки и здрави, а применувајте ја дури и кога сте на диета и кога внимавате на внесот на калории затоа што не содржи многу калории и можете почесто да ја консумирате како салата, супа, пире исл.

0012_green-beans
4. Грашок

Грашокот е одличен извор на протеин во кој можете да уживате во обарена форма или пак да го консумирате свеж. Често нашите мајки знаат да го подготват во комбинација со гулаш или чорба со телешко месо, или како прилог на месо во комбинација со компир, пиперка и домат. Не избегнувајте го следниот пат грашокот и консумирајте го почесто.

608soy.beans-scalata
5. Соја
Со поголема концентрација на протеини од било кој грашок , зготвената соја има повеќе протеини по шоља дури  28 gr. , содржина на протеини која ја има во парче пилешки гради од 200 грама на пример. Сојата е еден од двата комплетни растителни протеини , вториот од нив е киноа.

baby-spinach (1)
6. Спанаќ

Спанаќот е познат како супер храна, одличен е за големи и мали а не е ни чудо зошто Попај често го користеше како извор на енергија- затоа што содржи одлична количина на протеини. Овој зеленчук е богат со витамини, минерали, антиоксиданси, а со неговата темно зелена боја содржи и многу хлорофил и протеини. Добро е да се консумира свеж и добро измиен затоа што на тој начин во него остануваат сите хранливи материи, во форма на некоја салата или како прилог, меѓутоа не изостанува и неговата употреба во многу различни комбинации на пример со ориз во рижото, обарен , во кајгана, во печива и сл.

Проверете и

Дизајнот на пакувањето помага да се продаде производот

Македонската асоцијација на преработувачи (МАП) презентираше модел на соработка меѓу компании од прехранбено-преработувачката индустрија пред ...