Почетна / Здравје и исхрана / 6 навики во исхраната кои им помагаат на жените од Јапонија да бидат фит

6 навики во исхраната кои им помагаат на жените од Јапонија да бидат фит

Јапонија е држава позната по својата култура , големи пронајдоци, уникатна дисциплинираност и примерен животен стил. Јапонците познати се како најфит нација на целиот свет. Жените од Јапонија познати се по својата убавина, режим на нега, големата елеганција но и по тенката фигура.
Покрај убавината и тенката фигура исто така оваа нација може да се пофали и со својата добра здравствена состојба. Јапонците како нација се пример за здравје па затоа кога ќе погледнеме подлабоко која е нивната тајна можеме да дојдеме до заклучок дека често тоа се одлжи на целокупниот животен стил и баланс кој игра витална улога во зачувувањето на нивната убавина и здравје.

Ова се 6 навики кои Јапонките ги имаат и поради кои успеваат да ја зачуваат добра форма и добрата здравствена состојба.


1/6

1. Нутритивна избалансирана исхрана

Доколку мислевте дека Јапонките јадат само суши, тогаш сте биле во заблуда и сте верувале во стереотипи. Во основа тие имаат разнолична исхрана која ввклучува зеленчук, овошје, риба, алги, соја, ориз и би го истакнале во голема мера и зелениот чај. Овие намирници изобилуваат со нутриенти и антиоксиданси кои се борат успешно со стареењето. Вообичаено Јапонките во својата исхрана не вклучуваат нездрава калорична храна.

 


2/6

2. Појадокот е најважниот оброк

Иако веќе многу пати сте чуле од нутриционистите или сте прочитале на нашиот блог за важноста на идеалниот оброк кој треба да се консумира наутро. Јапонките се многу конзистентни во својата исхрана кога станува збор за утринските оброци. Јапонските оброци имаат разнолични намирници како мисо супа, чај , риба, млети, ориз и многу зеленчук. Она што треба да се истакне за преостанатит дел од оброците кај Јапонките е дека се обидуваат да ги одржат ручеците лесни  и вечерите најлесни.


3/6

3. Консумираат ориз наместо лебови

Многу голема причина зошто жителите на Азија се послаби за разлика од Западните нации затоа што наместо тестенини тие користат ориз. Лебот во основа често предизвикува дебелеење. Јапонките готват ориз без да додаваат сол или путер и го користат како прилог на оброци од зеленчук, риба или месо.


4/6

4. Различен метод на готвење за разлика од остатокот од светот

Техниките за готвење кои ги следат Јапонките се различни од другите. Храната која ја готват Јапонките традиционално е преку готвење на пареа, печење на скаа или пак подготовка на чорби. пржената храна често се подготвува со минимална употреба на масло во специјален вид на тавче. Зеленчукот е ситно исецкан со цел да го забрза процесот на готвење , користата малку зачини со чија помош се избегнува избегнување на дигестивни проблеми и заштита на внатрешните органи.
Јапонската кујна се обидува да ги зачува природните бои и вкусови на храната и ја избегнуваат употребата на вештачки вкусови и бои.


5/6

5. Уникатна култура на хранење

Јапонците сметаат дека исхраната е вид на ритуал. Ова значи дека јадат побавно, со две мали помагала (стапчиња). Употребата на стапчиња обезбедува внес на мала количина на храна со секој внесен залак што воедно значи дека го спречува прејадувањето. Оваа нација не преферира полни чинии. Кога се јаде повеќе од капацитетот се добива вишок килограми, а ова е нешто за кое Јапонките се многу свесни.


6/6

6. Не преферираат десерти

Десертите имаат важна  улога во Западната култура , но не и кај Јапонците и кај другите Азиски култури. Јапонките консумираат десерти само на специјални прилики и ретко..Друг важен фактор кој треба да се нагласи во овој дел е тоа што десертите иако ретко консумирани генерално имаат ниска содржина со масти. Јапонците имаат и сладоледи со ниска колорична вредност  а често тоа се оризови сладоледи наречени ‘mochi’.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...