Почетна / Совети за здравје / 5 знаци дека е време за детоксикација на организмот

5 знаци дека е време за детоксикација на организмот

Нашето тело секојдневно е изложено на токсини кои со време се таложат, што доведува до надуеност, лош тен и намалена волја. Тоа се само некои од симптомите кои ве предупредуваат дека е време да се ослободите од отровите.

Секојдневно нашето тело е изложено на разни токсини од храна, вода , воздух, а очигледни ќе се јават и показатели како резултат на сето тоа.

Колку и да се трудите да живеете здраво, после некое време доаѓа до натрупување на токсините во телото што резултира со надуеност, нагли промени на расположение, лош тен и намалена волја за извршување на секојдневните активности.

Погледнете ги овие 5 знаци кои кажуваат дека ви е потребна детоксикација:

Нагли промени на расположение

Стресот е лепак за токсините кои го слабеат организмот до таа мера што доаѓа до спуштање на енергијата во телото поради што се зголемува чуството за страв, нервоза, лутина, љубомора. Затоа научете се да бидете опуштени и немојте околу се да се нервирате.

Надуеност

Брзиот дневен ритам не тера да посегнеме за нездрава храна, па наталожените шеќети и масти во комбинација со стресот го забавуваат нашиот метаболизам и предизвикуваат лошо варење на храната и надуеност. Во овој случај патат цревата и не ја извршуваат својата примарна функција апсорпција на хранливите материи, што предизвикува лажен глад кој на крај резултира со прејадување и намалена енергија.

Намалена концентрација

Тивок показател на затруеност на телото со токсини кој предизвикува бурна реакција е пад на концентрацијата. Тука не само што ја губиме волјата за работа туку се наоѓаме во состојба на паника, со тоа дополнително ја влошуваме состојбата. пробајте да си приуштите малку одмор, да се релаксирате о природа, да се дружите со пријателите или да вежбате.

Лош квалитет на кожата

Мрсна кожа и испукани капилари се последица на токсини кои го спречуваат поминувањето на нутриентите низ епидермисот на кожата што доведува до зачепување на порите а најголем дел од органите во нашето тело. За да ја промените ваквата состојба, најдобро е да започнете со физичка активност или да одите редовно на масажа и пилинг додека состојбата не се подобри.

Потреба за нездрава храна

нездравите ужинки се навика, а зголемената потреба за нив е знак дека вашето тело е во опасност и потребно му е стопирање на желбите за нездрави оброци и закуски. Токсините во храната се главни причинители на најголемиот број болести во крвните садови. Тие ја стопираат работата на бубрезите и белите дробови.

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...