Почетна / Диети / 5 најдобри оброци после вежбање

5 најдобри оброци после вежбање

Напредните вежбачи добро знаат колку е важен изборот на храна кој ќе го конзумираат после тренингот, но повеќето активни луѓе е понатаму не придаваат големо значење на тоа.

Сепак, ако сакате најдобри резултати треба да се задржите на одредени намирници.

1. Цвекло

Овај необичен зеленчук има црвен пигмент бетацијанин, кој е одличен антиоксидант, помага за пренос на кислород во мускулите и ги ублажува грчевите. Цвеклото е многу корисен зеленчук  без разлика како е подготвено.

965521462550ed8904442f872178499_v4 big

2. Јајца

Јајцата се богати со протеини, па се сметаат за едни од најдобрите оброци после тренингот. Протеините од белката помагаат за опоравување на мускулите, а  жолчката е извор на неопходната енергија на телото.

1262450986550ed89054992431539692_v4 big

3. Грчки јогурт

Во помалце од два децилитри грчки јогурт има 14 грама протеин и само 100 калории. Со свежо овошје, тој е идеален избор на оброк после вежбање.

993368467550ed8907b916237761179_v4 big

4. Лубеница

Во топлите денови повеќето луѓе уживаат во овај вкусен и освежителен плод кој го рехидрира телото и го снабдува со потребните нутриенти. 92% од лубеницата е вода, а порција од две парчиња има само 80 калории.

1963844634550ed890ac671855098439_v4 big

5. Пилешко месо

Пилешкото месо е одличен извор на протеини после тренинг. Количината на потребните протеини варира од личност до личност, но во денови кога правите кардио вежби, како што е трчање, потребно ви е 1.2 до 1.4 грама протеин по килограм на телесна тежина, додека во денови кога правите тежински вежби потребно е од 1.6 до 1.7 грама по килограм на телесна тежина.

961223063550ed890c6dad568618275_v4 big

Проверете и

Зошто е корисен AlphaSorb-C од Now Foods?

Зошто е корисен AlphaSorb-C од Now Foods? Има антиоксидативна заштита Брза апсорпција на Витамин Ц ...