Почетна / Совети за здравје / 5 начини да останете фит за време на празниците

5 начини да останете фит за време на празниците

За да блескате за време на празниците потребно е да превзеете одредени чекори уште сега. Се придржувате сеуште до старите навики на исхрана, не треба! Не прејадувајте се, туку пијте повеќе течности. Иако сезоната за слави доаѓа, за да бидете убави и фит на дочекот на Новата Година потребно е малку да ги протегнете нозете наутро. Ова се совети на фитнес стручњаци Кетрин Хогсон и Карен Доун.

1) Направете план како да го избегнете дебелењето, како да одолеете на руската салата, месото, калоричните торти и салати. Да речеме пред секое јадење напијте се чаша вода. Тоа е првиот начин да бидете во форма.

2) Утринската гимнастика е фантастична. Кога наутро веднаш ќе се разбудите, раздвижете се и верувајте дека ќе имате повеќе енергија, подобро завршени дневни активности и помалку стрес во текот на денот.

3) Пронајдете рамнотежа. Сезоната на празници е создадена за уживање и дружење. Трпеза и калорична храна се подразбираат. Не паничете околу припремите за гозба, но припремете се на време. Не гладувајте во текот на денот, туку организирајте неколку помали оброци. Не јадете премногу на свечености, заштедете на калории а потоа килограмите нема да се наталожат.

4) Здравата храна евистинскиот избор
– Кога ќе добиете повик за вечера, предложете да донесете нешто и вие. Не мора тоа да го правите секој пат, но на овој начин ќе бидете потполно сигурни дека барем едно јадење е по ваш вкус и дека барем тоа нема да го оптеретува вашиот желудник.

5) Не дозволувате да дехидрирате

– Кога долго време сте жедни вашето тело не може да функционира. Испијте од време на време чаша вода, бидејќи за време на празниците често овој пијалок го заменуваме со сок или коктели што само таложат калории.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...