Почетна / Совети за здравје / 5 лесни начини како да го забавите стареењето на мозокот

5 лесни начини како да го забавите стареењето на мозокот

Возбудливото ново истражување докажува дека стареењето на мозокот може да се запре, а опасноста од деменцијата и други заболувања предизвикани од слабеењето на помнењето (вклучувајќи го и Алцхајмер) може да се намали на пола.

1. Нахранете ги нервите со аминокиселини! Дневната доза од 500 милиграми ацетил-Лкарнитин (АЛЦ) ги закрепнува застарените и оштетените мозочни нерви и за само осум недели ја подобрува менталната функција и меморија, покажуваат студиите. Препаратот се купува во аптеките и продавници за здрава храна. Пред консумирање на секој нов суплемент, посоветувајте се со доктор или фармацевт.  

2. Понудете им на клетките кафе! Со три шолји дневно ќе ја зголемите циркулацијата на хранливите материи и крвта збогатени со кислород во мозокот и со тоа го спречувате неговото предвремено стареење и губењето на меморијата, кажуваат истражувачите од Медицинскиот центар„Maunt Sinaj”. Кафето без кофеин ефикасно е исто како и она со кофеин затоа што за циркулацијата е задолжена хлорогеничната киселина која е присутна во двата вида на кафиња.     

3. Спречете го воспалението со инјекција! Во новата канадска студија, задолжителна вакцина против дифтерија и тетанус го намалува ризикот кај жените за 41%. Војната против опасните бактерии го зголемуваат воспалителниот процес од кој мозочните клетки предвремено стареат. Вакцинирајте се и можеби никогаш нема да се соочите со губењето на меморијата!

4. Преполовите го ризикот со амбиција! Истражувањата во универзитетот Раш покажуваат дека жените кои се фокусирани на позитивни долгорочни цели – на пример, курс по шиење или креирање на градината – го намалуваат ризикот од деменција на пола, во споредба со оние кои немаат поставено никаква специфична цел за иднината.

5. Тргнете ја маглата со помош на витамин Б! Секојдневното консумирање на суплементот Б комплекс „50” ги изоструваат техниките на размислување за само два месеци, утврдија научниците од Оксфорд. Како? Така што витамините од Б групата го намалуваат нивото на токсичната супстанца хомоцистеин кој доколку го има во крвта во поголеми количества ги оштетува мозочните клетки и го зголемува ризикот од срцевиот или мозочниот удар.   

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...