Почетна / Совети за здравје / 5 алкални зеленчуци кои е добро почесто да ги консумирате за подобро здравје

5 алкални зеленчуци кои е добро почесто да ги консумирате за подобро здравје

Алкалната храна почесто се промовира во борбата со појавата на малигни заболувања, срцеви болести, диабетес.  Денешните предлози за алкален зеленчук имаат зеелена боја,  зелениот  зеленчук содржи витамини и минерали кои се потребни за нормално функционирање на организмот, како што е железо, фолна киселина, магнезиум, аминокиселини, сумпорни компоненти, омега 3 масни киселини итн.
Зеленот зеленчук промовира детокс па затоа го препорачуваме за консумирање во овој период од годината кога телото треба да се исчисти од токсини.

1. Спанаќ

Спанаќот е богат извор на витамини и минерали, посебно витамин А, кој е значаен за кардиоваскуларен систем и содржи витамин К, кој е важен за коските. Во спанаќот има 13 флавоноиди – силни антиоксиданси кои го зајакнуваат имунитетот борејќи се против слободните радикали.

2. Краставица

Краставицата  помага во регулацијата на шеќерот во крвтта, па е затоа благотворна за дијабетичари. Краставицата ги лекува и зајакнува забите, ноктите и го потикнува растењето на косата. Краставицата е зеленчук кој содржи 95% вода, но исто така е богата со минерали, природна сол, ензими, витамини и антиоксиданси. Калиум и манган кои се наоѓаат во овој зеленчук помагаат во регулација на крвниот притисок, а влакната го совладуваат чувството на глад.

3. Брокула

Брокулата  е извонредно лековит зеленчук. Многубројните истражувања докажале дека сопстанцата сулфорафан која се наоѓа во брокулата ја потикнува синтезата на белковини, кои ги штитат клетките од рак. Сулфорафан има антиканцерогено, антидијабетичко и антимикробно делување.

4. Авокадо

Во ново истражување на Американските научници се дошло до сознание дека честата консумација на авокадо може позитивно да делува при регулација на холестерол.

Сите извори на незаситени масни киселини вклучувајќи го и авокадото, содржат масти кои го подобруваат здравјето на кардиоваскуларниот систем. Научниците уште истакнуваат дека авокадо дополнително придонесува за здравјето затоа што го регулира апетитот.
Едно авокадо со средна големина содржи околу 320 калории и 30 грама масти. Едно авокадо дневно може да биде премногу, па затоа е важно да се консумирате со доктор или нутриционист.
Авокадото може лесно да се воведе во секојдневната исхрана затоа што се согласува со сите видови на храна вклучувајќи ја рибата, месото, салатите, млекото и млечните производи.

5. Зелена бабура
Богата е со витамин Ц и антиоксиданси. Користете ја во свежи салати, комбинирајте ја со урда и потпечете ја и имате здрав и вкусен оброк. Пиперката е зеленчук кој е подотапен во периодот на летните месеци по пониски цени на нашите локални пазари и маркети затоа често може да се консумира во периодот кој следи.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...