Почетна / Фитнес и аеробик / 4 утрински вежби кои можете да ги правите во Вашиот дом

4 утрински вежби кои можете да ги правите во Вашиот дом

Една од Вашите одлуки е конечно да почнете да вежбате? Докажано е дека поради големите очекувања брзо се откажуваме, па затоа за почеток почнете – полека.

1. Вежби за зајакнување на грбот

• Мускулите на грбот се едни од најважните природни ῎стегачи῎ на грбот кои и овозможуваат исправен став, стабилност при движењето и го олеснуваат изведувањето на физичките активности.

• Легнете на подот и истегнувајте го што е можно повеќе горниот дел на телото. Повторувајте го истегнувањето во три серии од по 15 вежби, а потоа рацете спојте ги зад вратот и постапно кревајте го горниот дел на телото.

• Додека лежите на стомакот, свиткајте ги рацете во лактите и челото ставете го помеѓу длановите. Наизменично кревајте ја една па друга нога, потоа двете заедно, и целата комбинација повторувајте ја по 10 пати.

• Легнете на стомак, а рацете испружете ги поред телото.

Дланките потпрете ги на лумбалниот дел на грбот и свртете ги кон горе. Свиткајте ги колената, а главата држете ја така да челото биде навалено на простирката. Во исто време кревајте го и испружете го горниот дел на телото, рацете и нозете, па потоа вратете се во почетна положба.

• Многу е битно по вежбањето да ги повторете уште еднаш вежбите за истегнување и опуштање на мускулите како би се релаксирале.

Домашни справи

Домашните справи за вежбање можат да бидат практични и многу делотворни. На нив можете сами да работите аеробен тренинг кој има повеќе позитивни резултати: ги ангажира големи групи на мускули, поттикнува трошење на поткожното масно ткиво и на калориите, ги зајакнува крвните садови, ја подобрува кондицијата и издржливост на целото тело. Во исто време го намалува стресот, па практикувајте ги по напорниот работен ден.

2. Вежби за стомачните мускули

Во текот на годината тој дел од телото се опушта па затоа треба да се биде многу упорен во вежбањето за да повторно имате рамен и убав стомак.

• Постојат бројни вежби за рамен стомак. Легнете на под и кревајте го само горниот дел од телото, додека долниот дел е на подот.

• Одработете серија на вежби така да го кревате долниот дел од телото, а горниот мора да остане рамен и мирен на подот. Еден од можностите е возење на велосипед во воздухот или серија на вежби каде што се крева горниот дел на телото кон спротивната нога. На крај легнете на бок и наизменично кревајте ја ногата, потоа сменете ја страната и повторувајте ја вежбата со другата нога. Odradite seriju vežbi tako da podižete donji deo tela, a gornji mora ostati ravan i miran na prostirci.

3. Вежби за рамената

• На сите ни е добро познато дека е најтешко да се започне со вежбањето. Но, доколку почетокот го разберете како добра забава, можеби со текот на времето ќе Ви се допадне.

• Фитнес инструкторите се согласни дека секоја вежба е корисна се додека Ви преставува задоволство, што е сосема добар поттик. Ако спаѓате во категорија на мрзливи, кои наутро тешко се разбудуваат, ви предлагаме вежби каде ќе бидете легнати на подот.

• По стомачните вежби или пред нив, по желба, забавете се кревајќи ги нозете и истегнувајќи го телото што можно повеќе. Комбинирајте ги вежбите, префрлувајте ги двете нозе преку глава, а потоа со нозете возете велосипед во воздухот.

4. Раздвижете ги длабоките мускули

• Вежбањето на топката за пилатес може да биде многу забавно и интересно. Бидејќи, топката е нестабилна, вежбајќи на неа се спротивставуваме на гравитацијата и на тој начин ги ангажираме голем број на длабоки мускули. Со зајакнување на тие мускули можете превентивно да делувате на повредите на грбот, колената, рамена и зглобовите.

• Седењето на топката ги активира работењето на грбните и стомачните мускули. Со тоа се поттикнува и правилното и исправеното држење на телото.

• Забавете се потскокнувајќи на топката и поттикнете го согорувањето на вишокот на калориите.

• Важна е и големината на топката, затоа што, кога седите на неа, колковите и колената треба да бидат под агол од 90 степени.

 

Проверете и

Што треба да се јаде пред и после вежбање

Доколку внимаваме на тежината и оджување на витката линија, некогаш исклучивото практикување на редовна физичка ...