Почетна / Совети за здравје / 4 намирници за лесен сон

4 намирници за лесен сон

Нема да Ве оптужиме доколку навечер посакате нешто да поткаснете, тоа секако може да Ви ги смири нервите. Но водите сметка, затоа што во тој временски период не ви е потребна тешка храна.

Колку пати Ви се има случено да почувствувате неописива глад навечер, час, два пред спиење? И тоа најмногу кога гледате филм или сте под стрес, или сте во ПМС!

Во ред, тоа е потполно разбирливо, но сепак треба да бидете внимателни. Доколку изедете нешто што тешко се вари, од квалитетниот ноќен сон нема да има ништо! Затоа Ви донесуваме четири намирници кои нема да Ви го пореметат сонот. Во списокот слободно можете да ја додадете и петтата намирница – лососот, доколку го имате при рака.

ЛЕБЛЕБИИ

Ова мешунка која е богата со белковини е една од најомилените намирници во ориенталната кујна која има пријатен вкус и мирис. Леблебиите се богати со мелатонин, хормон кој му сигнализира на телото дека е време за одмор, па паштета од леблебија ( хумус ) или освежувачка салата која е лесен и богат оброк идеален е за доцните часови. Ова здрава храна исто така го намалува холестеролот, влијае на варењето и ги чува коските.

СПАНАЌ

Зелен зеленчук кој е богат со магнезиум кој е неопходен за работа на нервниот систем кој може да го одреди текот на Вашиот сон. Спанаќот исто така ја намалува болката во текот на менструалниот циклус затоа што е богат со железо.

МЛЕЧНИТЕ ПРОИЗВОДИ

Истражувањата покажаа дека калциумот директно е поврзан со работата на мелатонинот. Односно, нивото на калциум е најголем кога се наоѓаме во длабокиот сон – РЕМ. Затоа, навечер најдобро е да се почестете со јогурт, сирење или млеко.

ТАЈЛАНДСКИ ОРИЗ

Оризот важи за најдобар и најздрава намирница меѓу житарките. Постојат неколку видови на ориз, а меѓу најдобри се смета ориз со долго зрно познат како Тајландски ориз. Овој е нај ароматичниот ориз кој Ви овозможува појадок полн со јаглени хидрати кои позитивно влијаат на сонот бидејќи ја поттикнува работата на киселините во Вашиот циркуларен систем во телото.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...