Почетна / Совети за здравје / 3 начини да спречите опаѓање на косата

3 начини да спречите опаѓање на косата

Зголеменото опаѓање на косата најчесто е генетска последица, но и користењето на јаки шампони и често миење, како и секојдневно изложување на стрес. Затоа треба да направите се за да го подобрите и успешно да го зачувате квалитетот на својата коса.

Благи шампони
Должината на животниот циклус на влакната варира од две до пет години, а физиолошкото опаѓање на косата е последица на стареење и обновување. Затоа обрнете внимание на козметиката која ја користите. Ако сте се навикнале често да ја миете косата, користете благи шампони. Посоветувајте се со дерматолог ако сакате да купите некој производ против опаѓање на косата. Пожелно е и еднаш неделно на косата да нанесете маслиново масло.

Исхрана

Правилната исхрана и тоа како може да го ублажи опаѓањето на косата и да го подобри квалитетот на влакното. Затоа е потребно вашето мени да биде збогатено со намирници како што се спанаќот, суво овошје, џигери, жолчки, морски плодови, месо, риба, интегрален леб, какао, пиперки, печурки и маслинки. Морковите, кајсиите, доматите, рибино масло, квасец, зелка и овошје може да направат многу повеќе за вашата коса, отколку било кој препарат.

Миење на косата

После миење, косата измијте ја со чај од камилица. Во литар провриена вода ставете 4 лажици сушена камилица, исцедете после 10 минути и кога чајот ќе се излади до температура што е пријатна за користење, измијте ја косата. На истиот начин и за истата цел се припрема чај од коприва, во тој случај наизменично се користи чај од корен и чај од листови.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...