Почетна / Активен живот / 15 совети за забавен одмор со бебе

15 совети за забавен одмор со бебе

Дали летувањето со вашето малечко ви звучи застрашувачки? Летните одмори не се лесни и пред да сте станале родители , затоа многу е добро да се информирате што другите родители прават за време на летен одмор и да ги прочитате нивните совети со цел да имате опуштен летен одмор без дополнителни грижи за безбедноста, комфорот и здравјето на своето малечко и вие иако родители да уживате во благодетите на водата, сонцето, плажите и излегувањето.

a-boppy-pillow
Стратегиско отпакупување

Исто толку битно како ќе се спакувате е колку брзо и ќе се отпакувате.

Бидете брзи и ефикасни

Веднаш штом пристигнете на дестинацијата за одмор поставете ја вашата соба на тој начин што ќе наликува на домот колку што е можно. За своето детенце можете да понесете релаксатор или доколку е поголемо кошница за играње и опкружете го со омилените играчки или дајте му а бои. Доколку вапето малечко има поголемо братче или сестричка вашиот партнер може да ви помогне со тоа што ќе го успие другото детенце, а вие ќе имате време да ја средите и организирате собата во која ќе престојувате.

Креирајте место за преслекување

Понесете со себе кутија со пелени, прекривка за преслекување и марамчиња и уредете ги во едно место каде е најсоодветно за бебето. Доколку креирате ваков простор во престојувалиштето нема да имате потреба постојано да бидете во паника кога ќе дојде време за преслекување на пелените.

Одредете место за играње …

Играчките, боенките, книгите и коцките ставете ги во некоја фиока за да ви бидат при рака или пак мудро поставете ги во некој ќош каде е најбезбедно вашето детенце да посегне и да си игра со нив. Креирањето на место за играње во собата за детето обезбедува креирање на безбедна средина за детето.

…и место за кујна

Доколку вашата соба или апартман нема кујна , место за бар и слично изберете место или масичка каде ќе го чувате приборот, шишенцата, закуските, сокчињата и средствата за дезинфекција на истите. Доколку немате довволно простор дури и капатилото е одлично место каде можете да ги поставите сите овие предмети.

‘’Паметно’’ спиење

Малите деца имаат потреба за преспивање, меѓутоа за време на одмор за да ги избегнете преголемите обврски поврзани со процесот на успивање превеземете неколку паметни стратегии со кои побрзо ќе го успиете своето малечко

Разгледувајте пејзажи

Доколку на вашето бебенце покомфорно му е да заспие во автомобилот, искористете го овој период да направите пејсажно разгледување на околината во местото во кое престојувате додека бебето спие во седиштето за кола

41XSYIWy5oL
Пешачете

Децата за време на одмор потешко заспиваат затоа искористете го паметно периодот за спиење и прошетајте низ локалитетот возејчи го своето бебе во неговата количка. Мајките советуваат доколку патувате со бебе и сопствен автомобил да ја земете количката која се спушта до лежечка позиција за да му обезбедите на бебето комфор при одмарањето.

Носете го своето бебе

Доколку вашето бебе не спие во количка тогаш пробајте со кенгур. Доколку не сте го користеле кенгурот често, испробајте го неколку пати дома пред да заминете на одмор со цел и вие но и бебето да привикне на оваа промена.
lorelli

Букирајте соба во близина на плажата

Доколку сте во близина на плажата секогаш ќе имате поголема флексибилност кога станува збор за преспивањето на вашето бебе.

Аклиматизирајте го своето дете полесно

Бебињата потешко се привикнуваат на новата средина затоа изберете да ги аклиматизирате со неколку едноставни трикови. Изберете да го успивате бебето во релаксатор или пак во количката пред да заминете на пат барем неколку дена пред да заминете на пат, на овој начин таа средина ќе му биде веќе позната и воедно и самите ќе си го олесните процесот на успивање.

Не размислувајте да си заминете од одмор во првите денови

Screenshot_4

Можеби доживувате непроспиени ноќи со вашето бебенце за време на одморот, зато не се откажувајте од него, на детенцето потребно му е прилагодување на новиот ритам на спиење, температура и клима . Спиењето, хранењето- ќе се регулираат за неколку дена .

Букирајте апартман

Апартманот е одличен избор за родителите кои сакаат да поминат одмор релаксирано.

Придржувајте се до претходните рутини

доколку ритуалото за спиење на вашето дете дома следел по бањање или пиење од шише, истите рутини применувајте ги и за време на одморот иако сте ја промениле локацијаата. Децата се придржуваат до рутините.

Привикнете се

Децата нема да се привикнат на новата временска зона, затоа вие поместете го својот биоритам . Станувајте порано и легнувајте подоцна за неколку часа.

Ручек во ресторан

Локалната кујна во било кое одморалиште е добор да се испроба. Доколку сте со бебе не значи дека нема да можете да одите во омилените ресторани и дека тоа е навика која треба да ја заборавите.

Појадок во кревет

Затоа што вашеето време за пливање, пешачење, посети на аквапаркови, шопинг и други забавни активности е ограничено од утринските и попладневните дремки на вашето детенце, појадувајте сите заедно во хотелската соба или апартман и заштедете време кое во реално време ќе го искористите за максимална забава.

Доете го своето бебе за време на одмор

Доколку го доите вашето детенце внимавајте во кои држави тоа е дозволено законски во јавност.

Прекршете ги правилата

Со цел да уживате во вашата вечера надвор понекогаш потребно е и да ги прекршете правилата и да им дозволите на децата да гледаат ТВ додека јадат или да гледаат цртани на таблет додека сте во ресторан. На овој начин и едната и другата страна ќе бидат задоволни и среќни.

Проверете и

Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Успешниот македонски ланец Жито Маркети стана нов Cashback Card партнер на интернационалната Куповна Заедница Lyoness. ...