Почетна / Рецепти / Тирамису

Тирамису

Состојки:

  • 4 жолчки
  • 100 гр шеќер во прав
  • 450гр крем сирење
  • 400 мл слатка павлака
  • мало паковање бисквити
  • сварено кафе
  • малку рум
  • малку какао

Подготовка:
Оддвојте ги жолчките од белките, па жолчките со половина од шеќерот во прав матете ги околу 15 минути на пареа. Оддвоено изматете ги слатката павлака со преостанатиот шеќер во прав. кога жолчките ќе се изладат, соединете ги со слатката павлака. Додадете го крем сирењето и добро измешајте со миксер. На изладеното кафе додајте му рум. Во сад прво турете половина од изматената смеса и врз неа наредете бисквити претходно намакани во кафе. Кога цела површина ќе ја покриете со бисквити, нанесете ја одозгора преостанатата смеса или крем. Попрашете со какао и ставете го фрижидер да се лади.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...