Почетна / Здравје и исхрана / 10 убедливи причини за да пиете повеќе сок од портокал

10 убедливи причини за да пиете повеќе сок од портокал

Поголемиот дел од луѓето уживаат во чаша сок од портокал од време на време. Сепак, тоа што можеби не сте го знаеле е дека овој освежителен пијалок има моќ значително да го подобри вашето здравје на голем број начини. Некои од неговите својства се дека има големо влијание на вашиот дигестивен систем, го намалува ризикот од развој на одредени видови на рак и го подобрува вашиот имунитетен систем.

Прочитајте за да откриете десет од најзначајните причини зошто сокот од портокал треба да биде редовен дел од вашата исхрана.

  1. Го подобрува вашето кардиоваскуларно здравје;

Постојат неколку различни причини зошто вашето срце ќе ви биде благодарно доколку одлучите секојдневно да конзумирате сок од портокал. Прво, тој е богат со калиум и магнезиум, а и двете од овие хранливи состојки го регулираат нивото на крвниот притисок. Покрај тоа портокалот содржи нешто што се нарекува херперидин, кој го намалува нивото на холестерол со што се намалува ризикот од развој на болести на срцето.

  1. Му помага на вашиот респираторен систем;

Сокот од портокал е богат со бета-криптоксатин, кој влијае врз намалување на ризикот од рак на белите дробови. Здравствената корист од конзумирањето на сок од портокал е од особен интерес за луѓе кои се активни пушачи, бидејќи пушачите чија исхрана е богата со бета-криптоксатин имаат помала шанса да имаат белодробни заболувања за разлика од пушачите кои не внесуваат бета-криптоксатин.

  1. Ги намалува шансите за добивање на улцери;

Сокот од портокал моментално е предмет на истражување со цел да се открие дали дефинитивно е поврзан со намалување на ризикот од гастритични улцери. Досега е утрврдено дека луѓето кои имаат високо ниво на Ц витамин во нивниот систем имаат многу помали шанси да се инфицираат со H pylori (бактерија која може да предизвика чир). Сепак, научниците сеуште не се сигурни дали ова резултира со намалување на витаминот Ц од страна на H pylori, или доколку витамин Ц има способност  за да ве заштити од H pylori. Ако втората хипотеза се докаже точна, пиењето сок од портокал може да биде паметен начин за заштита од чир на желудникот.

  1. Ја намалува веројатноста за развој на камен во бубрезите;

Пиењето на сок од портокал гарантира дека вашата урина ќе содржи висок степен на лимонска киселина и има  повисока pH вредност. Студии за камења во бубрегот трврдат дека овие промени можат значително да ги намалат шансите за формирање на калциум оксалат камења со бубрезите.

  1. Ја подобрува вашата отпорност на болести;

Само една чаша сок од порокал дневно е доволна за да ја обезбеди количината на витамин Ц која му е потребна на организмот.  Исхрана богата со витамин Ц ја подобрува функцијата на имунолошкиот систем и помага вашето тело да се бори против било какви инфекции и бактерии. Како бонус, сокот од портокал исто така е одличен извор на бета-каротен кој телото го претвора во витамин А, уште една состојка која му помага на имунолошкиот систем.

  1. Ја спречува појавата на анемија;

Сокот од портокал е извор на железо, што е суштинска компонента на црвените крвни зрнца. Доколу вашата крв е богата со железо, ќе може подобро да обезбеди кислород за останатите делови од телото. Со тоа значително се намалуваат шансите за страдање од анемија.

  1. Го намалува ризикот од развоја на различни видови на рак;

Сокот од портокал се чини дека е во состојба да понуди заштита од различни видови на малигни тумори.

  1. Го подобрува дигестивниот систем;

Ако сакате да ги задржите желудникот и цревата во добра здравствена состојба, сокот од портокал е одличен додаток во вашата исхрана. Бидејќи тој обезбедува многу растителни влакна кои помагаат во спречување на запек. Исто така луѓето кој редовно го конзумираат значително го намалуваат ризикот од рак на дигестивниот тракт и дебелото црево.

  1. Има анти-воспалителни својства;

Благодарение на присуството на хесперитин и нарингетин, сокот од портокал може особено да биде добар избор за луѓе кои имаат артритис и други воспалителни болести. Овие два флавоноиди како резултат можат да ја намалат болката.

  1. Пиењето на сок од портокал е покорисен од земање витамин Ц суплементи;

Конечно, пиењето на витамин Ц како суплемент не исто толку добро колку пиењето на сок од портокал. Научниците откриле дека луѓето кои земале суплементи наместо да пијат сок се помалку способни да се спротистават на оштетувања на ДНК кое што е карактеристично при изложеност на опасни слободни радикали.

Имајќи ги во предвид сите овие корисни својства на сокот од портокал не заборавајте тој да стане дел од вашата секојдневна исхрана. За уште поголемо уживање и освежување конзумирајте го сокот од портокал на Ладна Џуси.

10372252_1536390726613099_6721261788916966457_n

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...