Почетна / Совети за здравје / 10 работи до кои треба да се придржувате ако сакате да имате витко тело

10 работи до кои треба да се придржувате ако сакате да имате витко тело

Ако сакате да ослабите пред летната сезона после долгото прејадување, не сте единствени. Истражувањата покажуваат дека бројот на возрасни лица кои вежбаат се удвоил веднаш после новогодишните празници во месец Јануари. Водете се по овие совети за да останете до патот на вашата цел.

ПОСТАВЕТЕ СИ ЦЕЛ 

Размислете колку килограми разумно ќе очекувате да симнете, земајќи го во предвид вашиот стил на живот, рутина, прослави и сл. Ако имате превисоки очекувања од себе, тоа може да влијае на вас за брзо да отстапите од планот.

КРЕВАЈТЕ ТЕГОВИ

Тренингот ви помага да се затегнете, но и го забрзува метаболизмот, па полесно ќе изгубите повеќе килограми.

ВНИМАВАЈТЕ ШТО ЈАДЕТЕ

Скоро секое јадење може да биде поздраво ако состојките добро ги комбинирате или замените. Пробајте да користите авокадо наместо путер или ванила наместо шеќер.

СЛИКАЈТЕ СЕ ДОДЕКА ЈАДЕТЕ

Истражувањата покажале дека, ако се сликате додека јадете одредена храна, можете значително да ја намалите желбатаза неа.

ВОДЕТЕ ДНЕВНИК

Водењето на дневник за исхрана може да биде успешен начин на патот до губењето килограми. Запишете си во дневник или во мобилен што сте јаделе во текот на денот, но никако немојте да се лажете себе си. Правилното водење евиденција за она што сте внесиле во организмот прави да имате јасна слика за својот труд која е во прашање слабеењето.

СОГОРУВАЈТЕ МАСТИ

Кратки, интензивни тренинзи, можат да ви помогнат да ја намалите количината на масти во телото.

ПРЕКИНЕТЕ СО ПРЕЈАДУВАЊЕ

Контролата на порциите игра важна улога во слабеењето. затоа сервирајте си на себе помали порции отколку на оние количини на кои сте навикнале и застанете кога ќе осетите дека сте сити.

УЖИВАЈТЕ ВО СЕКОЈ ЗАЛАК

Ако јадете споро, на вашето тело му давате шанса да се осеќа сито, па нема да можете да се прејадете.

НЕ ЗАБОРАВЈТЕ ДА ПИЕТЕ ВОДА

Со редовно внесување на течности, вашиот организам ќе се осеќа сито, а доколку внесувате вода тоа веднаш значи внесување помала количина калории во организмот.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...