Почетна / Здравје и исхрана / 10 причини зошто јогуртот е топ здрава храна

10 причини зошто јогуртот е топ здрава храна

Јогурт – Добар за млади и стари

Јогурт е здрава храна и за доенчиња и за постари лица . За децата, тоа е избалансиран извор на протеини, масти, јаглени хидрати и минерали. Тоа е всушност она што на децата им е потребно. За постарите луѓе кои имаат чувствителни црева, јогурт е од исклучителна важност.

Многу луѓе кои не можат да толерираат млеко , поради протеинска алергија или нетолеранција на лактоза , можат да уживаат во јогурт. Во педијатриска пракса, постои забелешка дека децата кои не можат да толерираат млеко често може да јадат јогурт без никакви цревни тегоби. Додека износот варира помеѓу брендовите на јогурт , но воопшто, јогуртот  има помалку лактоза од млекото. Погледнете подолу кои се придобивките од јогуртот:

1. Јогурт полесно се вари во организмот од млеко.

2. Јогурт е богат извор на калциум, придонесува за подобро здравје на дебелото црево а воедно и го штити од рак.

3. Јогурт ја подобрува биорасположивоста на другите хранливи материи. Култивираниот  јогурт ја зголемува апсорпцијата на калциум и Б- витамини. Додека пак млечната киселина во јогуртот помага во варењето, со што калциумт од млекото полесно се апсорбира.

4. Јогурт може да го зголеми имунитетот. Истражувачите проучувале 68 луѓе кои пиеле по две чаши јогурт дневно, при што утврдиле дека за три месеци овие лица произвеле повисоко ниво на интерферон кој го зголемува имунитетот. Бактериски култури во јогурт , исто така, стимулираат борба против инфекции на  белите крвни клетки во крвотокот. Некои студии покажале бактериските  култури во југуртот содржат фактор кој има анти- тумор ефекти кај експерименталните животни .

5. Јогурт помага при исцелување на цревни инфекции. Особено при вирусни и алергиски гастроинтестинални нарушувања што и наштетиле на слузницата на цревата и на клетките кои произведуваат лактаза . Ова резултира во проблем на привремена малапсорпција на лактоза. Ова е причината зошто децата често не можат да толерираат млеко за еден месец или два по цревна инфекција. Јогуртот поради тоа што содржи помалку лактоза и повеќе лактаза, обично добро се поднесува и помага при дијареја, подобро и побрзо варење на храната.

6. Јогурт може да ги намали габичните инфекции. 

7. Јогурт е богат извор на калциум. Во 30 мл јогурт од прилика има 450 мг. на калциум, а тоа е една половина од RDA на детето и 30 до 40 отсто RDA на возрасните .

8. Јогурт е одличен извор на протеини. Јогуртот содржи околу 10-14 грама протеини во 30мл , која изнесува до дваесет проценти од дневната доза протеини кои луѓето треба да ги внесат. Всушност, 30 гр на јогурт кој содржи живи и активни култури, содржи 20 проценти повеќе протеини отколку во истиот обем на млеко ( 10 грама наспроти 8 грама ). Покрај тоа што е богат извор на протеини, култивирањето на млечните протеини за време на ферментација прави овие протеини полесно да се варат.

9. Јогурт може да го намали холестеролот . Постојат неколку студии кои покажаа дека јогуртот може да го намали холестеролот во крвта. Ова може да биде така бидејќи живите култури во јогурт асимилираат холестерол или поради тоа што јогурт врзува жолчни киселини , (кои исто така се покажаа за намалување на холестеролот ), или и двете.

10. Јогурт е храна која го помага растот на децата .Две хранливи својства на јогуртот може да им помогнат на децата кои се со заостанат раст: полесно примање на протеини и фактот дека млечна киселина во јогурт ја зголемува апсорпцијата на минерали. Па дури и повеќето пребирливи деца ќе јадат јогурт во сосови и пијалаци.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...