Почетна / Совети за здравје / 10 намирници идеални за секоја диета

10 намирници идеални за секоја диета

Кога би ја опишале отприлика совршената храна, тоа би звучело вака: здрава, вкусна, голема и доволно да заситува за да не бидеме гладни со сатови. Влакната и протеините ќе ви помогнат да ослабите. Поголемите намирници со малку калории ќе ви овозможат да се најадете а не здебелите. Без разлика дали сте на диета или сакате малку да ја регулирате тежината, овие намирници ќе ви помогнат без многу масти и калории да осетите ситост.

Печен компир

Компирите се полни со витамини, влакна и останати нутриенти, поради кои ќе имате повеќе енергија и долго ќе се осеќате сити откако ќе ги изедете. Јадете ги печени со кора зошто така имаат повеќе влакна и само 1600 калории по оброк.

Супа или манџа со грав

Таа има голема количина вода, па ќе ве засити без многу калории. Варениот грав е полн со влакна кој во комбинација со вода кога ќе влезе во желудникот веднаш праќа сигнал на вашето тело дека повеќе не сте гладни. Една чаша грав содржи помалку од 150 калории.

Јајца

Едно америчко истражување покажало дека луѓето кои јадат јајца за доручек конзумираат 330 калории помалку од оние кои изеле нешто друго. Тие се полни со протеини и 9 есенцијални аминокиселини кои телото не може само да ги произведува. Откако ќе изедете јајце, аминокиселините испуштаа хормон кој на вашето тело му кажува дека е сито.

Грчки јогурт

Луѓето што редовно конзумираат јогурт со тек на време губат повеќе килограми без да се трудат. Јогуртот заситува, има малку калории и го регулира нивото на шеќер во крвта.

Јаболка

Заради големата количина пектин и влакната кои помагаат на дигестивниот систем за варење, јаболката се сметаат за најдобра диетална намирница. Додајте ги во житарици или салата, а можете и кришки јаболко да ставите во сендвич од пченичен леб.

Пуканки

Оваа филмска храна има само 90 калории, па претставува идеална замена за чипс и слични грицки. Додајте малку црвена пипер и ќе се заситите многу брзо.

Смокви

Свежите смокви се одлични за луѓе кои сакаат слатки. Додајте им и неколку протеини, лажица козјо сирење и ореви и ќе добиете заситен диетен десерт. 

Овесна каша

Полна е со хранливи влакна и ја впива течноста како сунѓер. Кога ќе се свари во вода или млеко, згуснува па и треба повеќе време да помине низ организмот. Баш поради тоа, после еден ваков оброк ќе се осеќате сити со саати.

Квиноја

Оваа житарка е препола со протеини и хранливи влакна кои на мозокот му праќаат сигнали за задоволство и ситост. квиноја додајте и во салата со јаболко и во уште некои други житарки.

Smoothie

Вкусна напивка која ќе ве засити како полн оброк. Измешајте немасно млеко и било кое овошје  и уживајте во вкусот на овошниот десерт.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...