Почетна / Здравје и исхрана / 10 домашни намирници кои ќе ви помогнат во смирување на главоболката

10 домашни намирници кои ќе ви помогнат во смирување на главоболката

Ви се случува ли често да добивате главоболки?

Стресот, обврските, лошиот сон, вознемиреноста, дехидрираноста и бројни други фактори може да бидат предизвикувачи на главоболки. Доколку не знаете како да ги ублажите силните главоболки еве 10 начини на кои можете да го направите тоа.

1. Пијте вода;
Дехидрираноста е една од најчестите причини поради која се јавуваат главоболките. Пијте барем 8 чаши вода дневно или пак 30 мин пред и по оброк за да се чувствувате подобро.

2. Јадете лубеница;
Лубеницата содржи многу вода во својата содржина . Јадењето на лубеница може да ви помогне да се чувствувате хидрирани за време на летниот период- затоа пактикувајте да ја јадете почесто кога и да сте во можност да ја купите.

3. Јадете нешто луто;
4. Нанесете коцки мраз на слепоочниците при поголеми главоболки;

5. Пијте чај од ѓумбир;
Ѓумбирот има анти-инфламаторни својства и помага во намалување на болка.
6. Истегнете се;
 Главоболките често се предизвикани од мускулна тензија. Едноставна масажа на вратот како и истегнување на вратот но и на телото од 1-3 минути ќе ви помогне да се чувствувате подобро и да се намали чувството на тензија.
7. Масло од ментол;
Нанесете масло од ментол на слепоочниците и масирајте ги. Масото делува на тој начин што ќе ве опушти и смири, а тоа ќе ја намали тензијата и напнаатоста а со тоа ќе ги намали и симптомите на главоболката.
8. Уживајте во топла купка или топол туш. Наведнете ја главата и со главата од тушот дозволете да ви паѓа млаз на вратот . Топлината ги релаксира напнаттите мускули кои може да ја намалат болката предизвикана од главоболка.
9. Држете молив стегнат со предните заби неколку минути.
10. Изедете рака бадеми.
Бадемите природно ја намалуваат болката и може да бидат  одлична здрава алтенатива за аналгин.

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...