Почетна / Совети за здравје / Први симптоми на остеопороза
Doctor doing neck adjustment in medical office

Први симптоми на остеопороза

Остеопорозата е болест во која доаѓа до губење на коскената маса и без никакви симптоми. Луѓето за болеста најчесто дознаваат кога ќе дојдат до степен нивните коски да станат толку слаби што при ненадејно движење или мал пад доаѓа до кршење на коските.

Првите симптоми најчесто се јавуваат како скршеници на колкот и прешлените од ‘рбетниот столб. Најчести се скршениците на лумбалните и долните торакални прешлени. Локално се јавува акутна болка и обично попушта по неколку дена или недели. Овие фрактури предизвикуваат дорзална кифоза со вратна лордоза и хронична грбна болка, особено во долниот лумбосакрален дел. Како напредува болеста фрактурите на прешлените се повторуваат, висината на телото се намалува, исчезнува физиолошкиот облик на ‘рбетниот столб додека торакаланта фисура се продлабочува до тој степен што ребрата налегнуваат на илијачната коска од карлицата. Скршениците се јавуваат како резултат на слаб механички удар, а понекогаш и при нагло движење. Скршениците се проследени со чувство на силна коскена болка поради која и пациентите се јавуваат на лекар.

Најчесто фрактурите од остеопороза се јавуваат кај постари лица, кај кои способноста за создавање на ново коскено ткиво е намалена и тие потешко зараснуваат. На тој начин пациентите се принудени подолго време да лежат во постела и поради тоа често пати доаѓа до развој на венска тромбоза и хипостатска пневмонија.

Постојат три фактори кои се најважни за зачувување на здравјето на коските во текот на целиот живот:

  • внесување на калциум
  • внесување на витамин Д
  • редовна физичка активност

Калциум

Скоро задолжително при секој третман на остеопороза се препишуваат и суплементи на калциум, но вистинскиот проблем кај остеопорозата не е недостатокот на внес на калциум туку негово неправилно искористување и трошење

Внесување на витамин Д

Внесувањето на доволно количество витамин Д е исто толку важно во превенцијата од остеопороза колку и внесувањето на доволно калциум. Витаминот Д ја помага апсорпцијата на калциум од телото. Недостигот на витамин Д може да предизвика слабеење на коските и зголемување на ризикот од скршеници.

Витаминот Д доаѓа од исхраната и од кожата. Кај луѓето кои почесто се изложени на сонце се создава повеќе витамин Д. Тој најмногу е застапен во месото од риба, рибиното масло и жолчката од јајцето. Постојат и продукти кои се збогатени во витамин Д, како корнфлексите, кравјото млеко, сирењето и маргаринот. Но, многу малку луѓе ги консумираат овие производи секојдневно, па затоа се препорачува витаминот Д да се внесува и преку суплементи.

Редовна физичка активност

Вежбањето го подобрува здравјето на многу различни начини и има клучна улога во заштитата од остеопороза. Физичката активност ја подобрува флексибилноста и стабилноста и со тоа ја намалува веројатноста од паѓање кое може да предизвика скршеници.

Се препорачува возрасните лица да вежбаат по 30 минути, барем 3 пати неделно. Најдобри вежби за подобрување на здравјето на коските се вежбите во кои нозете и рацете ја понесуваат целата тежина на телото и вежбите на фитнес справи со отпор.

Уште неколку совети:

  • Правилна исхрана
  • Престанете со пушење
  • Избегнувајте алкохол

Проверете и

Јагодите се убавина и здравје

Јагоди – здравствени придобивки Јагодите се богати со витамин Ц, каротен, фолна киселина и железо. ...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *