Почетна / Фитнес и аеробик / Зошто потешко слабееме како што старееме

Зошто потешко слабееме како што старееме

Постојат научни причини зошто мажите и жените почнуваат да се дебелеат околу половината со влегувањето во средните години од животот и зошто им е сe потешко да ја задржат витката линија и да го симнат вишокот на килограми. Дали знаете за нив?

Според неодамнешни истражувања, на луѓето во средни години, без исклучоци и мажите и жените, навистина им е потешко да ги изгубат наслагите околу стомакот. Дури и оние кои во младоста биле слаби, во средните години можат многу драстично да се прошират.

Др. Нирав Падлија, експерт за слабеење, тврди дека и тогаш може да се регулира тежината, многу полесно отколку што си замислуваме, само треба да сфатиме што води кон дебелеење и да направиме одредени прилагодувања. Со влегувањето во триесеттите години од животот, количината на хормони во телото опаѓа. Тоа е причината зошто и метаболизмот почнува да работи поспоро, а што поспоро работи, луѓето сѐ повеќе се дебелеат. Имено, тогаш се согорува помалку енергија и се акумулираат повеќе масти во телото. Истражувачите открија дека кај просечните мажи и жени тоа предизвикува дополнителни 450 до 900 грама секоја година, и тоа во периодот од 35-тата до 55-тата година од животот.

Ситуацијата кај мажите

Високото ниво на тестостерон е одговорно за одржувањето на виткиот и мускулест изглед кога се млади. Тоа е така затоа што тој машки хормон го врзува масното ткиво и го исфрла од телото и не се акумулира околу половината. Исто така, помага при формирањето на мускулите, го забрзува метаболизмот и го намалува ризикот од појава на дијабетес бидејќи ја одржува чувствителноста на инсулин.

– Но, после 30-тата година, количината на тестостерон природно се намалува за отприлика еден процент годишно – објаснува др. Падлија.

Тоа го поттикнува телото да прибира масти, особено во подрачјето на стомакот, што не е само естетски проблем, туку и здравствен бидејќи го зголемува ризикот од болести на срцето и дијабетес.

Ситуацијата кај жените

Женското тело одржува кревка рамнотежа на прогестерон и естроген во текот на плодниот период од животот. Познато е дека повисокото ниво на естроген го зголемува создавањето на масното ткиво. Кај младите жени, количината на двата хормони е подеднаква. Но, од 35-тата година од животот, застапеноста на двата хормони се намалува, што на крајот води до менопауза (кога престанува менструацијата).

– Меѓутоа, нивото на прогестерон се намалува побрзо, што предизвикува формирање на масни наслаги околу стомакот – додава американскиот експерт осврнувајќи се на темата.

Што друго се случува кај двата пола?

Падот на хормоните доведува до намалување на мускулната маса и кај мажите и кај жените. А, бидејќи мускулното ткиво е еден од главните потрошувачи на глукоза во телото, доаѓа до потешко губење на вишокот калории што води до трупање на наслаги на стомакот. Кога постои намалување на мускулната маса, телото не ги обработува јагленохидратите делотворно, па треба да се внимава да не се јаде премногу.

Најдобри начини за одржување на витка линија се: внесување на повеќе протеини, а помалку јагленохидрати, поголема активност на мускулите, намалување на стресот, помалку седење на столица, повеќе прошетки во природа и подобрување на квалитетот на сонот.

Што ако веќе имате проблем со килограмите?

Вишокот килограми не значи само добар или лош изглед, туку може многу лошо да влијае врз вашето здравје. Затоа ви препорачуваме да дојдете да не посетите во нашиот салон за убавина Viola Beauty Center бидејќи имаме многу апарати и препарати кои ќе ви помогнат да се справите со вишокот килограми, да се стопат масните наслаги и да ги постигните најдобрите видливи резултати. Освен тоа ќе ви помогнеме правилно и балансирано да се храните и да вежбате со стручна програма под надзор на професионален фитнес тренер во Viola Ladies Fitness.

Извор: medobil.com

 

Проверете и

Што треба да се јаде пред и после вежбање

Доколку внимаваме на тежината и оджување на витката линија, некогаш исклучивото практикување на редовна физичка ...

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *